Викинзи

5 клучни мигови досега

Веќе неколку години ги следиме силните и нескршливи Викинзи. Ги следиме нивните авантури и патувања, освојувања и битки, блиските средби со другите култури, како и опасните конфликти помеѓу разните фракции и поединци.

Пред новото продолжение, ни треба еден поглед наназад, рекапитулација на серијата преку 5 клучни и најдобри моменти досега. А кој сѐ уште не ја гледал серијата или сака да си го освежи памтењето – предлагаме брзо кликнување тука, каде што се достапни сите досегашни сезони.

>> Гледајте ги сите досегашни сезони веднаш

  1. Предавството на Роло

Односите помеѓу Рагнар и Роло беа напнати уште од самиот почеток на приказната. Тоа се браќа кои копнеат за моќ и власт и цврсто се држат до своето реноме и статусот во кругот на останатите Викинзи. По пробивањето на Рагнар и акумулирањето на моќта, љубомората на Роло порасна. Дојде до предавство. Тој му се придружи на Борг во борбата против Рагнар, која се одиграла во првата епизода на втората сезона.

  1. Откритијата на Флоки

По исчезнувањето на Рагнар, се запрашавме што ќе се случи со Флоки. Тој им е слуга на боговите, градител на бродови. Затоа тој отплови во нови авантури, откривајќи го „Новиот свет“. Истражувањето на новиот остров е еден од поубавите делови на целата приказна. Убавината, емотивноста и непредвидливоста му го зачинија патот на Флоки, а ретко кој беше разочаран..

  1. Крвавиот орел

Јарл Борг до самиот крај се држеше како „вистински Викинг“. Една од највпечатливите сцени, онаа од епизодата „Крвавиот орел“ се врежа во памтењето на гледачите. Видовме уште некои слични и исто така брутални сцени, но оваа сепак беше онаа првата, моќна и крвава сцена каде што сфативме дека со Викинзите нема шега.

  1. Судбината на Рагнар

По враќањето од егзил, можеше да се претпостави дека Рагнар нема да издржи уште долго време. Дотогашниот протагонист полека паѓаше за на крајот да биде фрлен во јама полна со змии. Рагнар ја прифати својата судбина знаејќи дека ќе живее преку своите синови. А одмаздата полека се подготвуваше.

  1. Завршната битка

Првиот дел од петтата сезона ја растресе приказната. Се создадоа нови сојузништва, додека старите пријателства и односи се распаднаа. Во тој контекст се одвиваше и големата битка која е мошне значајна за продолжувањето на серијата. Иако гледавме битки кои можеби се и подобри и поатрактивни од нејзе, оваа битка беше обликувана од меѓучовечките односи со голем емотивен набој. Крвава и прекрасно снимена и продуцирана битка  која моментално се постави како еден од најдобрите мигови во „Викинзи“.