Најново од Европа: Европски филмови на Pickbox NOW

Pickbox NOW никогаш не бил вашата класична услуга за стриминг – од самиот почеток ви носевме поинакви содржини, се фокусиравме на најдобрите британски серии, скандинавските наслови што ја освоија публиката ширум светот, како и на филмските новитети и богатата понуда на класици.

Чекор понатаму е нашиот најнов проект со кој дополнително ќе ги збогатиме вашите филмски вечери со Pickbox NOW.

„Стриминг Европа“ собира четири европски компании за стриминг – UniversCine, Sooner, LMC i Pickbox кои се обединија околу највозбудливите европски филмови и продукции. Во текот на проектот ќе претставиме дури 24 нови европски филмови, тазе прикажани на познатите филмски фестивали, а кои го носат потписот на интригантните нови режисерски имиња и креативци.

Европски филмови ќе ги воодушеват љубителите на трилери, криминалистички филмови, драми и комедии, па во шарената понуда на филмови секој ќе најде по нешто за себе, а воедно, ова е првпат да ги претставуваме филмовите на Pickbox Originals кои ќе бидат достапни ексклузивно на Pickbox NOW!

Следете го Pickbox NOW за да не ги пропуштите останатите филмски новитети од Европа!

ДОСТАПНИ ФИЛМОВИ