FAQ

  • НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА

    • Што е Pickbox NOW?

      Pickbox NOW е претплата на видеотека со серии и филмови на барање. На нашата услуга нема да најдете канали и нивните ТВ распореди, туку сѐ од нашата понуда. Гледате сѐ без реклами, кога било на вашите уреди или одбрани телеком оператори.

    • Како да се активира Pickbox NOW?

      Онлајн претплатата на Pickbox NOW може да ја активирате откако ќе се регистрирате на www.pickboxnow.com. Може да платите со картичка или преку PayPal, а месечната претплата е 299 ден. Претплата се обновува автоматски сѐ додека не ја откажете. Исто така, активацијата на услугата Pickbox NOW е возможна преку одбрани телеком оператори.

    • На кои телекоми е достапен Pickbox NOW во Македонија?

      МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ - Активирајте го Pickbox NOW преку видеотеката на MaxTV. Дознајте повеќе

    • Која е цената на услугата Pickbox NOW?

      Цената е 299 ден. месечно за гледање на сите наши серии и филмови од понудата. Сите други пакети може да ги најдете тука. Цената преку Македонски телеком е 199 ден. Дознајте повеќе.

    • На кои уреди може да се гледа Pickbox NOW?

      Откако ќе ја активирате услугата на www.pickboxnow.com, може да ги гледате сите серии и филмови на:

      • www.pickboxnow.com (на компјутер и мобилен)
      • мобилни уреди со Android i iOS
      • Android TV
      • Samsung Tizen (произведени 2018-2020)
      • LG webOS (web0S 4.0 и нагоре)
      • Google Chromecast

      Ако сте ја активирале услугата преку оператор:

      • нивниот сет топ бокс (MaxTV)
      • нивните апликации (MAXtv Go)

    • Како да се сподели корисничката сметка со други?

      Онлајн претплатата на Pickbox NOW видеотеката поддржува повеќе најавувања на истата корисничка сметка, така што една сметка (и нејзините трошоци) може да се сподели со кој сакате. Сериите и филмовите ќе може истовремено да ги гледате на два или три уреди (во зависност од пакетот што сте го активирале).

    • Може ли да се гледаат сериите и филмовите без интернет-врска?

      Апликацијата Pickbox NOW за мобилни уреди поддржува офлајн гледање, а го намалува потрошениот сообраќај на вашиот мобилен уред. Покрај секоја епизода се наоѓа можност за „преземање“ на содржините. Откако ќе ја преземете, побарајте ги во Мени > Мои преземања во вашата мобилна апликација. Оваа опција е достапна само на мобилните апликации Pickbox NOW.

    • Како се местат титловите?

      Не мора да се местат титловите. Сите серии и филмови на Pickbox NOW може да се гледаат со професионално преведени титлови кои се појавуваат автоматски.

    • Како да се активира бонот за подарок?

      Бонот се внесува пред изборот на пакет на www.pickboxnow.com во полето „Имам подарок“. Бонот за подарок овозможува гледање на www.pickbox.com и нашите апликации, но не и на уредите на телеком операторите.

    • Како да се искористи попустот?

      Кодот за попуст се внесува по изборот на пакет на www.pickboxnow.com, во полето „Имам код за попуст“.

  • РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ

    • Имам технички проблеми со гледањето содржини. Како да ги решам?

      Проверете ја верзијата на вашиот прелистувач ако гледате на компјутер, односно верзијата на софтверот и апликацијата ако гледате преку мобилната или Smart TV апликацијата. Советот е секогаш сѐ да ви биде ажурирано.

    • Сѐ ми е ажурирано, но сепак не ги гледам содржините. Што сега?

      Преинсталацијата на апликациите може да ви помогне во случајот на мобилните и Smart TV уреди. А кај прелистувачите, пробајте да се одјавите, па пак да се најавите на www.pickboxnow.com или да го избришете кешот на прелистувачот.

    • Како да ја сменам лозинката?

      Лозинката може да ја смените на www.pickboxnow.com на компјутер или на мобилен уред. Кликнете на Најава, па Ја заборавивте лозинката? и сменете ја на линкот кој ќе ви биде испратен на мејл. Ако сте го активирале Pickbox NOW преку телеком оператор, јавете се на нивната поддршка за корисници.

    • Не можам да го најдам Pickbox на Smart TV. Што сега?

      За гледање на Android TV, најдете ја нашата апликација во Google Play Store .

      За гледање на Samsung Tizen Smart TV, најдете ја нашата апликација во официјалниот store на Samsung.

      За гледање на LG webOS Smart TV, најдете ја нашата апликација во официјалниот store на LG.

      *Напомена, Pickbox NOW не може да се гледа преку интернет прелистувач на Smart TV уреди.

    • Како да се поврзе Pickbox NOW преку Google Chromecast?

      За поставување на Google Chromecast, следете ги официјалните препораки на Google. По успешното поставување, на нашата iOS или Android апликација ќе најдете икона во горниот десен агол на која треба да кликнете за да може содржините да ги „префрлите“ на Smart TV.

    • Во кои држави можам да гледам Pickbox NOW?

      Со активирање на онлајн претплатата на Pickbox NOW на www.pickboxnow.com во Македонија, може да гледате и во земјите членки на ЕУ, Србија, БиХ и Црна Гора.

    • Како можам да видам кои серии и филмови ги нуди Pickbox NOW?

      Сите серии и филмови од понудата на видеотеката може да ги најдете на www.pickboxnow.com. За гледање ви треба активација.

    • Што ако немам веќе достапен сообраќај на мобилниот или домашниот интернет?

      Проверете ги условите на договорот со операторот. Во меѓувреме, гледајте преку Wi-Fi врска што нема ограничување на сообраќајот.

    • Каде да се обратам за други прашања?

      Слободно пишете ни на info@pickbox.tv или на Фејсбук и Инстаграм.