Шест сестри (Seis Hermanas)

Нова драмска серија

Објавено: 7 април 2021

Шест сестри (Seis Hermanas) -љубовна приказна меѓу две

жени во нова шпанска драмска серија

 

Шпанската драмска серија Шест сестри (Seis Hermanas) е нова серија на Пикбокс НАУ, а по пет нови епизоди пристигнуваат во понеделник и достапни се веднаш.

Покрај одличното дејство, сместено во Мадрид во почетокот на 20 век, оваа шпанска серија обилува со авантура и романса. Во фокусот се шест сестри, млади жени од богатото и ценето семејство Силва кои ја преземаат работата на татко им по неговата смрт.

Една од сестрите, Селија, е учителка која сонува еден ден да стане писателка со исти права како мажите, да биде слободна, да гласа, да може да сака жена.

 

ЉУБОВНА ПРИКАЗНА МЕЃУ ДВЕ ЖЕНИ

Приказната за Селија и Аурора е приказна за љубов меѓу две жени во време кога жените немале право на глас, па од нив се очекувало да се омажат, да родат деца и да се грижат за своите мажи. Селија (Кандела Серат) е една од шесте сестри во многу ценетото шпанско семејство Силва и таа сака жени. Се вљубува во својата најдобра пријателка Петра, која не е хомосексуалка, па наместо да и помогне, таа на сите им вели дека Селија е болна и има потреба од психолошка помош.

Потоа минува низ грозен третман во психијатриска установа за да се ослободи од своите непристојни чувства кон жените, но таму ја запознава медицинската сестра Аурора (Лус Валденебро) која ќе и помогне да избега. Тука ќе започне нивната љубовна приказна… Аурора и отвора цел нов свет на Селија и ја запознава со движењето на суфражетки кои се бореле за правата на жените да гласаат и да имаат своја сопственост, бидејќи во тој момент жените не смееле да го наследат татковото богатство, освен ако се омажат, па нивното наследство да им припадне на нивните сопрузи.

Нивната љубов е вистинска, страсна и прекрасна, но истовремено и скриена, преполна со трагедии и обоена од времето во кое да се биде хомосексуалец било сметано за нешто страшно.

Секој понеделник пет нови епизоди пристигнуваат на Пикбокс НАУ, па не пропуштајте да видите какви авантури и романси ги очекуваат шесте интересни сестри во новата шпанска серија.