Убиство (The Killing)

Култната нордиска серија

Објавено: 13 април 2021

 Убиство (Forbrydelsen, eng. The Killing)

Култната нордиска крими серија доаѓа на Pickbox NOW

Најпознатата данска драмска крими серија Убиство (Forbrydelsen, eng. The Killing) доаѓа на Pickbox NOW! Премиерата на првата сезона е на 19 април, а втората и третата сезона целосно ќе може да се гледаат од 29 април.

СТАТУС НА КУЛТНА СЕРИЈА

Она по што Убиство се истакнува како одлична нордиска серија се неочекуваните пресврти, интересните приказни кои се протегаат низ целата сезона и мрачната атмосфера. Покрај тоа, серијата е фалена и поради тоа што им дава еднаква важност на семејните приказни на убиените жртви, како и на влијанието на самото злосторство во полициските кругови.

Најпознатата данска серија здоби меѓународна популарност и освои многубројни награди, вклучувајќи ја наградата БАФТА и меѓународната „Еми“. Одличното сценарио, предизвикувачкото и примамливо снимање и совршената актерска постава на чело со Софи Грабел ѝ помогна на оваа нордиска серија да здобие статус на култна серија.

ЗА ШТО СЕ РАБОТИ?

Дејството на серијата е сместено во Копенхаген и се врти околу детективката Сара Лунд (Софи Грабел). Секоја сезона ги следи новите криминални случаи кои се случуваат секој ден, а секоја епизода покрива нова 24-часовна истрага.

Полициската истрага на бруталното убиство и силување на млада девојка е долготрајна и исцрпна. Детективката Сара Лунд треба да замине за Шведска и да започне нов живот со својот свршеник, но никако не може да го остави тој случај зад себе. Сара е на чело на истрагата и тесно соработува со својата замена, детективката Јана Мејер. Политичарот Тролс Хартман се наоѓа среде кампања за градоначалник кога нови докази го поврзуваат со убиството. Во период од 20 дена има сѐ повеќе осомничени, а приказната оди во неочекуван правец.

Единственото што ќе го посакате откако ќе ја гледате првата епизода е да гледате уште и уште! Феноменалната култна нордиска серија Убиство гледајте ја на Pickbox NOW од 19 април.