Семе на сомнежот (Deadwater Fell)

британска криминалистичка серија

Објавено: на 09 март 2021.

Семе на сомнежот (Deadwater Fell) – нова британска криминалистичка серија со ДејвидТенант на Pickbox NOW

Семе на сомнежот (Deadwater Fell) е нова британска криминалистичка мини-серија што е целосно достапна на Pickbox NOW од 15 март. Оваа мини-серија од 4 дела се врти околу лекарот Том Кендрик кој го игра фантастичниот Дејвид Тенант (Dr. Who).

ЗА ШТО СЕ РАБОТИ?

Локалниот лекар Том Кендрик (Дејвид Тенант) со своето сакано семејство живее и работи во едно шармантно малечко гратче во Шкотска. Но Том и целиот град ги погодува огромна трагедија. Имено, пожар избувнува во куќата на Том и ги убива неговата жена и трите деца. Единствено тој успева да се спаси, но сите пет членови на семејството биле под дејство на наркотици. Детективите трагаат по мотивите и набргу откриваат дека навидум совршеното семејство всушност воопшто не било среќно, ниту совршено.

Заедно со Дејвид Тенант, во главната улога ќе ја гледаме и одличната млада актерка Куш Џамбо, која ни е најпозната по улогата на Луси Квин во телевизиските серии The Good Wife и изведената серија The Good Fight.

СЛОЖЕНА И ФАСЦИНАНТНА МИСТЕРИЈА

Критичарите имаат пофални зборови, како за сценариото, така и за глумата, па оваа серија ја нарекоа сложена и фантастична мистерија. Некои позитивно ја споредуваат со криминалистичката серија „Broadchurch“, во смисла на тоа дека се занимава со една мала заедница која одеднаш ја потресува трагичен настан. Приказната од првата епизода ќе ве вовлече внатре и нема да можете да престанете да ја гледате оваа криминалистичка мистерија.

Целосната мини-серија во 4 дела „Семе на сомнежот“ гледајте ја на Pickbox NOW од 15 март!