Малечки птици (Little Birds)

Hова драмска серија

Објавено: на 24 март 2021.

Малечки птици (Little Birds) – необична и визуелно

прекрасна нова драмска серија

Необичната драма Малечки птици (Little Birds) е новата серија на Pickbox NOW 29.03. со британската актерка Џуно Темпл (Maleficent The Dark Knight Rises) во главната улога.

Сѐ се врти околу вечната и незаобиколна тема – тие што имаат моќ и тие што сакаат да бидат слободни. Оваа серија во 6 дела е опишана како необична, амбициозна и визуелно прекрасна, а воодушевувачките сцени нема толку лесно да ги заборавите.

ИНСПИРИРАНА ОД ЕДНА ЗБИРКА КРАТКИ ЕРОТСКИ ПРИКАЗНИ

Инспирирана од збирката со кратки еротски приказни на Анаис Нин, издадена во 1979 година, драмската серија „Малечки птици“ претставува приказна за љубовните желби и копнежи, како и лична драма со елементи на политичка интрига.

Дејствието се одвива во Тангер, во 1955 година, во познатата „меѓународна зона“– едно од последните места што ја претставува колонијалната декаденција. Американската дебитантка Луси Севиџ (Џуно Темпл) живее неконвенционален живот ослободен од општествените стеги во кои живеела дотогаш. Таа се наоѓа во животен момент кога мора да се осамостои на болен, но неопходен начин.

Луси доаѓа во Тангер, подготвена за љубов и брак во едно егзотично ново место. Но кога нејзиниот сопруг Хуго (Хју Скинер) не ја дочекува така како што очекувала, таа се врти кон еден изненадувачки, разновиден и чуден нов свет во кој се наоѓа.

Малечки птици е многу модерна приказна за една жена која се губи и повторно се наоѓа во една магична зајачка дупка. Луси открива свет кој се менува, полн со магични ликови, вклучувајќи ја и провокативната и доминантна Шерифу Ламор (ЈумнаМарван) која особено ја окупира фантазијата на Луси.

Смелата и субверзивна драмска серија „Малечки птици“ ќе ве однесе на едно духовито, трогателно и провокативно патување кон слободата и независноста.

Танцувајте на работ помеѓу хедонизмот и конфликтите со драмската серија „Малечки птици“, само на Pickbox NOW 29.03.!