УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Општи услови:

Добредојдовте во Pickbox!

Општите услови за користење и условите за продажба (во понатамошниот текст: Услови за користење) ги пропишуваат условите и правилата за користење на интернетската страница на pickbox.tv од страна на крајните корисници.

„Pickbox“ е наплатна стриминг услуга, која на своите корисниците им овозможува да гледаат ТВ-серии, филмови и цртани филмови (во понатамошниот текст „серии и филмови“).

Терминот „стриминг“ означува интернетски видеопренос на содржината од одреден домен во реално време.

„Услугата Pickbox“ е услуга што ја пружа Pickbox d.o.o. со цел гледање серии и филмови, вклучувајќи ги сите карактеристики и функционалности на веб-страницата и корисничките интерфејси, како и целата содржина и софтверот поврзани со нашата услуга. Услугата се состои од стриминг пристап до серии и филмови, како и извршување на финансиски трансакции.

Стримингот на сериите и филмовите на Pickbox оди преку интернет до компјутер, паметни телевизори, таблети или паметни телефони (во понатамошниот текст „уреди“).

Правото на користење на веб-страницата е лично право на крајниот корисник. Корисникот своето право на користење не смее да го пренесе на други физички или правни лица. Корисникот не е овластен да пријавува други физички или правни лица.

PICKBOX d.o.o. не одговара доколку корисникот изврши неовластено и невистинито пријавување во име на друго физичко или правно лице.

Крајниот корисник е лично одговорен за заштита на доверливоста на лозинките, онаму каде што тие постојат.

Прифаќање на Условите за користење

Со користење на веб-страницата pickbox.tv, крајните корисници се согласуваат со Условите за користење.

Согласувајќи се со Условите за користење, крајните корисници потврдуваат дека ги прочитале и ги разбрале Општите услови, правилата за Заштита на приватноста (подолу во текстот) , Поставките за колачиња (подолу во текстот) со кои се регулира употребата на Pickbox.

АКО НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ОВДЕ НАВЕДЕНИТЕ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ, ВЕ МОЛИМЕ ДА НЕ ГИ КОРИСТИТЕ ОВИЕ ИНТЕРНЕТСКИ СТРАНИЦИ.

Промена на Условите за користење:

PICKBOX d.o.o. го задржува правото, во секое време и без претходно известување, ако смета дека е неопходно, да го укине или измени кој било од овде наведените Услови за користење или Изјавата за доверливост на податоци. Продолжената употреба на веб-страницата по објавувањето на изменетите Услови за користење или Изјава за доверливост на интернет подразбира дека корисникот ги прифаќа промените.

PICKBOX d.o.o. за услугите го задржува правото во секое време да го измени или да го укине кој било сегмент од своето работење, вклучувајќи ја содржината, времето на достапноста на содржината, опремата потребна за пристап или користење на страницата.

PICKBOX d.o.o. може да престане да испраќа кој било дел од информациите или каков било вид информација.

Приватност

Личните податоци се предмет на нашата Заштита на приватноста, чиишто услови се наведени подолу во текстот. Ве молиме, бидете сигурни дека крајниот корисник ја проверил нашата Заштита на приватноста, за да ја разбере нашата пракса и дополнителните детали за нашата маркетинг комуникација.

Комуникациски прилагодувања

Со користење на услугата Pickbox, се согласувате да добивате електронски известувања од Pickbox, поврзани со вашата сметка.

Електронската пошта вклучува: испраќање електронски пораки на е-поштата што ја внесувате при регистрирањето, примање известувања за вашата сметка (на пр., овластувања за плаќање, промена на лозинка или начин на плаќање, верификација на е-пошта и други информации поврзани со трансакции), добивање билтени за новите функционалности и содржините на Pickbox, специјални понуди, промотивни известувања и прашалници за корисници испратени преку е-пошта или на други начини.

Зачувајте копија од електронската комуникација со печатење на копија во хартиена форма или со зачувување во електронска копија.

Ако повеќе не сакате да учествувате во одредена нетрансакциска комуникација, само одјавете се од добивањето известувања преку линкот во билтенот. Во секое време можете да контактирате со info@pickbox.tv со барање за одјава од листата на билтенот.

Членство, пробен период, плаќање и приговори

АКТИВНО ЧЛЕНСТВО

Ако корисникот сака да ја користи услугата Pickbox, предуслов е да поседува пристап до интернет. Со цел да го активирате своето членство, корисникот мора да ја плати избраната услуга за пристап до Pickbox, која дава пристап до серии и филмови на Pickbox.

Правото на користење Pickbox може да се активира и со регистрација или со внесување податоци за плаќање за пробниот период.
Активното членство се продолжува со дополнително плаќање, а завршува по истекот на платениот период или со укинување на корисничката сметка.

ВИДОВИ ЧЛЕНСТВО

Pickbox d.o.o нуди различни видови членство. Типот на членството зависи од начинот на купување (еднократно или со обновување) и должината на времетраењето на активацијата. Еднократната уплата е уплата со која на корисникот му се дава можност за користење на услугата за претходно избраниот период и трае до истекот на пакетот. По истекот на еднократното купување, услугата не се продолжува автоматски, туку корисникот, ако сака, треба да ја активира повторно.

Купувањето со обновување е претпла на услугата Pickbox, која корисникот може да ја активира со кредитна картичка или PayPal и која автоматски се продолжува секој месец, со можност за откажување на услугата во кое било време. Ако корисникот сака да го откаже купувањето со обновување, потребно е да се откаже на соодвето место. Со откажување на услугата Pickbox, клиентот ја откажува услугата Pickbox на која претходно се претплатил, но таа сè уште е активна до датумот на истекот на услугата. Исто така, Pickbox d.o.o. не е должен да ги врати веќе уплатените пари за обновеното купување по откажувањето на услугата, односно за месецот во кој услугата е откажана, бидејќи истата е активна до истекот на пакетот.

Членството се наплатува, освен во случај на користењето за пробниот период.

Посебни детали за вашиот тип членство во Pickbox може да се најдат на нашата веб-страница во Поставувањата (Settings).

Некои форми на промотивни членства и периоди може да бидат понудени од трети страни во согласност со одредбите на нивните производи и услуги. Ние не сме одговорни за производите и услугите што ги нудат трети страни.

Го задржуваме правото на изменување, прекинување или коригирање на типот на членство што го нудиме.

Пробен период

Pickbox d.o.o. го задржува правото периодично да им овозможи на новите корисници, како и на некои стари корисници, временски ограничено и бесплатно да го користат Pickbox во вид на пробен период.

Pickbox го задржува правото, по сопствена одлука, да го определи времетраење на пробниот период.

Нема да добиете известување дека вашиот пробен период е завршен.

Акциска продажба

Компанијата PICKBOX d.o.o. може периодично да поставува специфични услуги на акциска продажба.

Сите услови за користење содржани во посебни и акциски понуди и материјално се различни од Општите услови за користење, ќе му бидат дадени на увид на крајниот корисник при регистрацијата или со други начини за комуникација што му се на располагање.

Акциските услуги можат да бидат достапни за сите корисници под истите услови, а можат да бидат достапни и за одредени корисници на точно определени групи.

Условите за акциски продажби ќе бидат детално опишани, особено времетраењето на акциската продажба, ограничување на количините, висина на попустот и сл.

По истекот на рокот за акциска продажба, компанијата PICKBOX d.o.o. за услуги нема да прима нови нарачки под условите кои се однесуваат на акциска продажба на која ѝ истекол рокот.

Цени

Цените се изразени во хрватските куни (ХРК) според кои се пресметуваат и се наплаќаат услугите. Приказ на цените во конвертибилни марки (КМ) за Босна и Херцеговина, македонски денар (МКД) за Република Македонија, српски динар (РСД) за Република Србија, во евра за Словенија и Црна Гора.

Цените се малопродажни со вклучен ДДВ и конечни за купувачот и се однесуваат на сите начини на плаќање за време на купувањето. За купувачите нема дополнителен надомест од каков било вид кој би ја оптеретил рекламираната важечка цена.

Цена на услугата е утврдена за секоја услуга поединечно. Процесот на впишување на цена на страницата за секоја услуга е предмет на контрола на повеќе нивоа, но постои можност за грешка, бидејќи во прашање е човечки фактор.

Ваквите ситуации се вонредни и за нив PICKBOX d.o.o за услугите однапред им се извинува на своите клиенти, бидејќи ќе биде принудени да ги информира за ситуацијата, погрешната цена за конкретниот производ и неможноста на испорака според конкретната нарачка на купувачот.

Конверзија

Конверзијата на цените изразени во конвертибилни марки, српскиот динар и евра се врши ХРК дневно, по промена, според средниот курс на Загречкачка банка д.д. Уникредит груп (Zagrebačka banka d.d. Unicredit Group). Конверзијата на цените изразени во македонскиот денар се врши дневно, по промена, според девизниот курс издаден од Блумберг.

Компанијата PICKBOX d.o.o за услуги не е одговорен за разликата во девизниот курс што го користи матичната банка издавач на картичката на корисникот, во однос на оние што ги користи компанијата PICKBOX d.o.o. за услуги и напоменува дека може да дојде до минимална промена на сумата што всушност е наплатена на корисничката картичка од страна на матичната банка издавачот на картичка на корисникот.

При купувањето, цената може да отскокнува од рекламираната цена поради конверзијата или дополнителни надоместоци кои сервисите за купување ги наплаќаат за извршени трансакции преку нив. Pickbox не е одговорен за ова и не може да предвиди дополнителни трошоци. Пред самото плаќање, сервисот ќе го прикаже износот што има намера да го наплати, па корисникот секогаш може да се откаже од купувањето и да одлучи да плати на друг начин.

Начини на плаќање

1. Плаќање со кредитни картички – обновување и еднократно купување: American Express, Diners, Visa, MasterCard, Maestro, Discover.

При плаќања во нашата веб-продавница, користете CorvusPay – напреден систем за безбедно прифаќање на платежни картички преку интернет.

CorvusPay обезбедува целосна доверливост на податоците од вашите кредитни картички од моментот кога ќе ги впишете во платежниот формулар на CorvusPay. Платежните податоци се проследуваат шифрирано од вашиот веб-прелистувач до банката која ја издала вашата картичка. Нашата продавница никогаш не доаѓа во контакт со целосните детали на вашата платежна картичка. Исто така, податоците не се достапни дури и за вработените во системот CorvusPay. Изолираното јадро самостојно пренесува и управува со чувствителни податоци, чувајќи ги притоа целосно безбедни.

Образецот за впишување на платежните податоци е обезбеден со највисок SSL сообраќаен код за максимална сигурност. Сите зачувани податоци се дополнително заштитени со шифрирање, со користење криптографски уред сертифициран според стандардот FIPS 140-2 Level 3. CorvusPay ги задоволува сите барања во врска со безбедноста, односно работи во согласност нормата PCI DSS Level 1 – што е највисок безбедносен стандард во индустријата на платежни картички. Кога плаќате со картички вклучени во програмата 3-D Secure, вашата банка со валидноста на самата картичка дополнително го потврдува вашиот идентитет со помош на токен или лозинка.

Corvus Info, сите собрани информации, ги смета како банкарска тајна и ги третира во согласност со тоа. Информациите се користат исклучиво за целите за кои се наменети. Вашите чувствителни податоци се потполно безбедни, а нивната приватност е загарантирана со најсовремени безбедносни механизми. Се собираат само податоците потребни за извршување на работата, во согласност со барањата на бараните постапки за плаќање преку интернет.

Безбедносните контроли и оперативните процедури кои се применуваат на нашата инфраструктура ја обезбедуваат моменталната сигурност на системот CorvusPay. Дополнително, со одржување строга контрола на пристап, редовно следење на безбедноста и длабински проверки за спречување на ранливост на мрежата, како и преку спроведување на одредбите за информациска сигурност, трајно го одржуваат и го унапредуваат нивото на безбедност на системот со заштита на вашите информации за кредитна картичка.

2. PayPal

Според општите услови на PayPal. (Https://www.paypal.com/hr/webapps/mpp/ua/useragreement-full)

3. Вирманско плаќање

Достапно е само за корисници кои се наоѓаат на територијата на Република Хрватска. На својата електронска адреса ќе добиете необврзувачка понуда со сите информации што ви се потребни за уплатата, вклучувајќи го и бројот на сметки што треба да ги платите за вредноста на нарачката. Плаќањето може да се изврши со користење на интернет банкарство или преку банка, пошта, Fina или слично. Откако уплатата ќе биде примена и евидентира, ви овозможуваме да ги користите нарачаните услуги.

ЗАБЕЛЕШКА: За вирманските плаќања, услугата се доставува/овозможува откако ќе биде прокнижена уплатата. Времето потребно за книжење зависи од условите за работа на банката на корисникот и банката на компанијата Pickbox d.o.o.

ВАЖНО! Кога вршите плаќања, исклучително е важно да внесете точно повикување на број, бидејќи само овој податок обезбедува навремена евиденција за плаќање и овозможува користење на услугата. Компанијата PICKBOX d.o.o. за услуги не прифаќа одговорност за неправилно активирање на услугата на купувачот во таков случај. За какви било потешкотии, ве молиме контактирајте нѐ на нашата е-пошта: info@pickbox.tv

Издавање сметка

Откако ќе се евидентира плаќањето, ќе се издаде соодветна сметка за платената услуга. Сметката ќе биде достапна/испратена до купувачот преку веб-продавницата/ електронската пошта. Издавањето фактура во хартиена форма е можно со писмено барање на купувачот.

Клиентот при известување, мора да ја наведе адреста на својата е-пошта со која е регистриран за да можеме да ја идентификуваме корисничката сметка. Корисникот своите прашања и коментари може да ги испрати во писмена форма, по пошта или преку е-пошта и Pickbox ќе испрати писмен одговор по пошта или електронска пошта во законски рок, сметајќи од денот на приемот на праѓањето или приговорот.

Одговорност за материјални недостатоци

Pickbox d.o.o. е одговорна за материјални недостатоци во согласност со позитивните прописи, особено Законот за облигациони односи на Република Хрватска.

Ако имате какви било прашања или ви треба појаснување, ве молиме контактирајте нѐ преку е-пошта: info@pickbox.tv .

Услуга Pickbox

За да станете член на Pickbox, мора да сте над 18-годишна возраст или да сте полнолетни во вашата покраина, територија или држава. Лицата на возраст под 18 години или малолетните лица може да ја користат услугата само со присуство на родител или старател преку сметката на родителот или старателот и подлежат на овие Услови за користење.

Услугата Pickbox, како и целата содржина што се гледа преку нашата услуга, служат исклучиво за ваша сопствена и некомерцијална употреба. За време на траењето на членство во Pickbox, ви нудиме ограничен, неексклузивен, нелиценциран пристап до услугата Pickbox и гледање на сериите и филмовите преку нашата услуга Live View / гледање во реално време (ексклузивна стриминг база за оваа намена). Освен гореспоменатата лиценца, ниедно право, како ни правото на сопственост или авторски права, не се пренесуваат на вас.

Имате можност да гледате серифи и филмови преку услугата Pickbox во земјите каде што ги нудиме нашите услуги и имаме авторски права за овие серии и филмови. Pickbox со помош на технологијата, ќе ја потврди вашата географска локација.
Во рамките на еден кориснички пакет, можете да се регистрирате за повеќе уреди, а во исто време можете да гледате 2 или 3 (во зависност од купениот пакет) содржини од понудата.
Бројот на уреди достапни за употреба и истовремен стриминг може да се менува периодично според нашата одлука и без претходно известување.

Ние постојано ја ажурираме услугата Pickbox, а ажурирањето вклучува и измена на содржината понуди на филмови и серии. Ние постојано тестираме разни форми на нашата услуга, вклучувајќи ја и нашата веб-страница, корисничките интерфејси, нивоата на услуги, планови, промотивните карактеристики, достапноста на серии и филмови, испораката и цените. Ние го задржуваме правото да ве вклучиме или исклучиме од наведените тестови без претходна најава.

Го задржуваме правото, според наша сопствена одлука и без претходно известување, на повремени промени во начинот на кој што ги нудиме и ги обезбедуваме нашите услуги со цел да ги подобриме истите.

Се согласувате да ја користите услугата Pickbox, вклучувајќи ги сите карактеристики и функционалности поврзани со неа, во согласност со сите важечки закони, правила и прописи, вклучувајќи и ограничувања на јавно прикажување или други ограничувања за користење на услугите и содржината.

Вие прифаќате дека нема да архивирате, преземате (освен низ caching нужен за лична употреба), репродуцирате, дистрибуирате, менувате, прикажувате, изведувате, објавувате, лиценцирате, создавате деривативни дела, нудите за продажба или употреба (освен ако вас изречно не ве овластиле за тоа овие Услови за користење) содржината и информациите содржани во услугата Pickbox или добиени од услугата Pickbox или преку неа, без изречно писмено одобрение на Pickbox или неговите овластени претставници.

Прифаќате дека нема да ја заобиколите, отстраните, измените, деактивирате, деградирате или попречите некоја од заштитата на содржините на услугата Pickbox; да користите „robot, spider или scraper“ или други алатки за автоматски пристап до услугата Pickbox; да декомпилирате, користите обратен инженер или расклопувате некој софтвер или други производи или процеси достапни преку услугата Pickbox, да вметнувате кој било код или производ, или да манипулирате со содржината на услугата Pickbox на кој било начин, да користите рударење на податоци, собирање податоци или методи за извлекување.

Се согласувате дека нема да прикачувате, поставувате, испраќате преку електронска-пошта или на друг начин да испраќате или пренесувате материјал наменет за прекинување, уништување или ограничување на функционалноста на кој било компјутерски софтвер, хардвер или телекомуникациската опрема поврзана со услугата Pickbox, вклучувајќи компјутерски вируси или каков било друг компјутерски код, датотеки или програми.

Достапноста на сериите и филмовите за гледање е променлива, сериите и филмовите ќе излегуваат од понудата ако компанијата Pickbox повеќе ги нема правата за прикажување на одредена содржина или по истекот на таканаречената лиценца. Квалитетот на стримингот на сериите и филмовите може да се разликуваат од компјутер до компјутер и од уред до уред, а на него може да влијаат различни фактори, како што се вашата географската локација, достапноста на пропусниот опсег и/или брзината на вашата интернет конекција.
Вие сте одговорни за сите трошоци за пристап до интернет. Ве молиме, проверете кај вашиот давател на интернет услуги за информации за можни трошоци при користење интернет. Pickbox не дава никакви изјави или гаранција за квалитетот на вашето искуство при гледање на екранот. Времето потребно за започнување со гледање на сериите и филмовите ќе варира во зависност од различни фактори, вклучувајќи ја географската локација, достапноста на пропусниот опсег во тоа време, сериите и филмовите што сте ги избрале и конфигурацијата на вашиот уред Pickbox, за што Pickbox d.o.o. не одговара.

Pickbox стриминг софтверот е развиен од Pickbox или за Pickbox и е направен за да овозможи стриминг на содржините од страницата pickbox.tv преку уредите Pickbox. Овој софтвер може да се разликува во зависност од вашиот уред и медиум, а функционалноста може да се разликува и во зависност од самиот уред.

ПРИФАЌАТЕ ДЕКА ЌЕ ПРИМАТЕ, БЕЗ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИЗВЕСТУВАЊА И ПРЕДУПРЕДУВАЊА, АЖУРИРАНИ ВЕРЗИИ НА PICKBOX И ПОВРЗАНИ СОФТВЕРИ ОД ТРЕТА СТРАНА. АКО НЕ ГИ ПРИФАЌАТЕ НАВЕДЕНИТЕ УСЛОВИ, НЕ КОРИСТЕТЕ ЈА НАШАТА УСЛУГА. НЕ ПРЕЗЕМАМЕ НИКАКВА ОДГОВОРНОСТ ИЛИ НА КОЈ БИЛО ДРУГ НАЧИН ГО ГАРАНТИРАМЕ ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ТИЕ УРЕДИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ И ТРАЈНА КОМПАТИБИЛНОСТ НА УРЕДОТ СО НАШАТА УСЛУГА.
Со користење на нашата услуга, прифаќате дека, единствено од субјектот кој ви го поврзал и/или ви го продал уредот ќе барате решение за проблемите поврзани со уредот и неговата компатибилност со услугата Pickbox. Ако вашиот уред со услугата Pickbox е продаден, изгубен или украден, ве молиме, деактивирајте го. Ако не можете да се одјавите или да го деактивирате вашиот уред, дополнителни корисници може да пристапат до услугата Pickbox преку вашата сметка и да пристапат до одредени информации за вашата сметка.

Ние го задржуваме правото да ја прекинеме или ограничиме вашето користење на нашите услуги, без надокнада или известување, ако сте или ако оправдано се сомневаме дека сте повредиле некој од овие Услови за користење или незаконски или неправилно сте ја користеле услугата.

Лозинки и пристап до сметката

Член кој отворил сметка Pickbox и чија картичка или сметка се терети за плаќање, овде се наведува како сопственик на сметката. Сопственикот на сметката има пристап до и контрола над сметката Pickbox. Сопственикот на сметката остварува контрола над сметката преку лозинката на сопственикот на компјутерот и со тоа ја задржува целосната контрола. Сопственикот на сметката не смее никому да ја открие лозинката. Ако сопственикот на сметката сака да им забрани на другите да контактираат со Службата за корисници на Pickbox и потенцијално да ја менуваат контролата на сопственикот на сметката, сопственикот на сметката не смее да открие детали за начинот на плаќање (на пр., последните четири бројки од неговата кредитна или дебитна картичка) поврзани со неговата сметка. Вие сте одговорни за ажурирање и одржување на вистинитоста и точноста на информациите што ни ги доставувате во врска со вашата сметка.

За да ви помогнете да добиете полесен пристап до вашата сметка и да ви помогнете да управувате со услугата Pickbox, Pickbox имплементира технологија која ни овозможува да ве препознаеме како сопственик на сметка и да ви дадеме директен пристап до вашата сметка, без да мора повторно да внесувате лозинки или други кориснички идентификатори кога повторно ќе го посетите Pickbox, што вклучува пристап преку уредите на Pickbox или веб-страница.

ДАВАЈЌИ ЛОЗИНКА ЗА УСЛУГАТА ПИКБОКС ИЛИ ДОЗВОЛУВАЈЌИ ИМ НА ДРУГИТЕ ПРИСТАП ДО СВОЈА СМЕТКА, СОПСТВЕНИКОТ НА СМЕТКАТА ПОТВРДУВА ДЕКА ПРЕЗЕМА ОДГОВОРНОСТ ДЕКА ЧЛЕНОВИТЕ НА ДОМАЌИНСТВОТО СЕ ОДНЕСУВААТ ВО СОГЛАСНОСТ СО УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ И ДЕКА СОПСТВЕНИКОТ НА СМЕТКАТА Е ОДГОВОРЕН ЗА ПОСТАПКИТЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ДОМАЌИНСТВО.

Бидете претпазливи кон сите форми на комуникација кои бараат информации за вашата кредитна картичка или други информации за вашата сметка. Давањето на вашите сопствени информации како дел од тој вид комуникација може да доведе до кражба на идентитет. Секогаш пристапувајте со чувствителните информации за сметката директно преку веб-страницата на Pickbox, а не преку хиперлинкови во е-пошта или други форми на електронски комуникации, дури и ако тие делуваат службено. Pickbox го задржува правото која било сметка во било кое време да ја стави на чекање, со или без претходна најава кон членот, за да се заштити себеси и своите партнери од она што го смета за неовластени активности. Pickbox не е обврзан да позајмува или да дава попуст за членство на сметка која е ставена на чекање од страна на претставниците на Pickbox или автоматизираните процеси на Pickbox.

Одрекување од гаранцијата и ограничување на одговорноста

Крајниот корисник се согласува веб-страницата pickbox.tv да ја користи ИСКЛУЧИВО НА СОПСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ, така што компанијата PICKBOX d.o.o. за услуги не одговара:
(А) ЗА ПОСЛЕДИЦИ КОИ МОЖЕ ДА НАСТАНАТ СО КОРИСТЕЊЕ НА ОВАА ВЕБ-СТРАНИЦА
(Б) ЗА ТОЧНОСТА, ОДГОВОРНОСТА ИЛИ СОДРЖИНАТА НА КОЈА БИЛО ИНФОРМАЦИЈА, УСЛУГА ИЛИ СТОКА ПРУЖЕНА ПРЕКУ ОВАА ВЕБ-СТРАНИЦА.

PICKBOX D.O.O. НЕ ОДГОВАРА ЗА ЕВЕНТУАЛНАТА ШТЕТА КОЈА БИ НАСТАНАЛА СО КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА PICKBOX.

Компанијата PICKBOX d.o.o. за услуги може да го прекине деловниот однос со кој било од своите крајни корисници во кое било време. Компанијата PICKBOX d.o.o. за услуги го задржува правото моментно да укине какви било лозинки или кориснички сметки на крајниот корисник во случај на какво било однесување на крајниот корисник кое компанијата PICKBOX d.o.o. за услуги, по сопствена дискрециска процена, го змета за неприфатливо, како и во секој случај на непридржување кон Условите за користење од страна на крајниот корисник .

На условите на работењето и користењето на страницата Pickbox и склучување договори на далечинско растојание преку средства за далечинска комуникација се применуваат првенствено тука наведените Услови за работење и користење, освен ако договорните страни не се договорат поинаку. Условите за работа и користење подлежат на Законот за заштита на потрошувачите (Сл. весник 41/14, 110/15) и Законот за задолжителни односи (Сл. весник 35/05, Сл. весник 41/08 и 125 / 11.78 / 15).

Право на еднострано раскинување на договорот

На овој договорен однос се применува член 72 од Законот за заштита на потрошувачите на Република Хрватска и се однесува само на корисници од Република Хрватска.

Корисникот може да го прекине еднострано во рок од 14 дена без да даде каква било причина.

За да може корисникот да го оствари правото за еднострано раскинување на овој договор, тој/таа мора да го извести PICKBOX d.o.o. за неговата или нејзината одлука за еднострано раскинување на договорот пред истекот на рокот и тоа со недвосмислена изјава испратена по пошта, факс или електронска пошта, во која ги наведува неговото/нејзиното име, телефон, факс или адреса за е-пошта, а исто така може да го користи и приложениот примерок на образец за еднократен престанок на договорот.

Рокот за еднострано раскинување е 14 дена од денот на склучувањето на договорот.

Доколку корисникот еднострано го раскине овој договор, PICKBOX d.o.o. ќе го изврши повратот на парите што ги добил од корисникот без одлагање, а најдоцна во рок од 14 дена по приемот на одлуката на корисникот за еднострано раскинување на Договорот. Повратот на пари ќе се изврши на ист начин како што корисникот го извршил плаќањето.

Примерок од образецот за еднострано раскинување кој се наоѓа на нашата веб-страница можете електронски да го пополните и да го испратите.

Потврда за прием на известување за еднострано раскинување на договорот ќе ви биде испратена, без одложување, по електронска пошта.

ОБРАЗЕЦ ЗА ЕДНОСТРАНО РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ

Име, презиме и адреса на потрошувачот:___________________________________

Прима: PICKBOX d.o.o. за услуги, Радничка цеста 50, 10000 Загреб, тел 01/________,

е-пошта: ____________________, факс ____________________

Јас __________________________________________________со ова изјавувам дека еднострано ќе го раскинам Договорот за давање на следниве услуги_______________

нарачани/примени на ден_______________.

Потпис на потрошувачот: _______________________________________
(само ако овој образец се пополнува на хартија)

Датум: ______________

Линк да го преземете ОБРАЗЕЦОТ за еднострано раскинување на договорот

Во согласност со член 79 став 1 од Законот за заштита на потрошувачите, корисникот нема право еднострано да го раскине договорот, ако договорот за услуги е целосно исполнет од страна на трговецот, а исполнувањето започнало со изрична претходна согласност на корисникот и со негова потврда дека е запознаен со фактот дека ќе го загуби правото за еднострано раскинување на договорот доколку услугата е целосно исполнета.
Корисникот нема право да го раскине договорот и во смисла на член 79, став 13 од Законот за заштита на потрошувачите, кога станува збор за испорака на дигитална содржина кои не е доставена на физички медиум, ако исполнувањето на договорот започнало со претходна изречна согласност на корисникот и со негова потврда дека тој е запознаен со фактот дека на тој начин ќе го изгуби правото на еднострано раскинување на договорот.

Подароци и промоции
Го задржуваме правото да понудиме подарок-претплата која може да се купи на нашите веб-страници. Од вашата картичка или сметка ќе бидат наплатени пари за секој купен подарок-претплата. Промотивните кодови може да се искористат на нашата веб-страница. Промотивните кодови можат да се користат само еднаш и не можат да се заменат за пари, да се препродаваат или комбинираат со други понуди, вклучувајќи и пробен период. Ако сте примиле промотивен код преку понуда од трета личност, може да се применат дополнителни ограничувања.

Интелектуална сопственост

Оваа веб-страница е во приватна сопственост. Целата меѓусебна комуникација и интеракција што се одвива преку оваа веб-страница мора да биде во согласност со овие Услови за користење.

Сите материјали пронајдени на сајтот pickbox.tv се ексклузивно право на компанијата PICKBOX d.o.o. за услуги или се користат со изрична дозвола на носителот на авторските права и носителот на траговски марки и/или дизајнот. КАКВО БИЛО КОПИРАЊЕ, ДИСТРИБУЦИЈА, ПРЕНОС, ОБЈАВУВАЊЕ, ПОВРЗУВАЊЕ, ДЛАБИНСКО ПОВРЗУВАЊЕ ИЛИ МЕНУВАЊЕ НА ДРУГ НАЧИН НА ОВАА ВЕБ-СТРАНИЦА БЕЗ ИЗРЕЧНО ПИСМЕНО ОДОБРЕНИЕ НА КОМПАНИЈАТА PICKBOX d.o.o. за услуги СТРОГО Е ЗАБРАНЕТО! Прекршувањето на Условите за користење може да доведе до поведување парнична постапка и/или кривично гонење против сторителот за прекршување на авторски права, права на трговски марки или која било друга форма на интелектуална сопственост.

Веб-страницата содржи материјали заштитени со авторски права, трговска марка, дизајн и други информации опфатени со други права на физички или правни лица, вклучувајќи, но без ограничување, текстуален софтвер, фотографии, видео материјали, графика, музика, звук, како и целата содржина на веб-страницата pickbox.tv, во согласност со прописите на Република Хрватска. Крајниот корисник не смее да ги менува, објавува, пренесува, учествува во преносот или продажбата, создава деривативни дела, или на кој било начин да експлоатира која било содржина, целосно или делумно. Крајниот корисник може да го преземе, отпечати и зачува материјалот заштитен со авторски права само за сопствена употреба. Забрането е копирање, редистрибуција, повторен пренос, издавање или комерцијална експлоатација на преземениот материјал без изречна писмена согласност од PICKBOX d.o.o. за услугите и носителите на авторските права.

Судска надлежност

Седиштето на PICKBOX d.o.o. за услуги е во Загреб, Република Хрватска. За правни спорови кои можат да настанат како последица на користењето на оваа веб-страница (освен ако не е поинаку определено со посебен договор), надлежен е судот во Загреб и ќе се решава согласно позитивните прописи на Република Хрватска. Користејќи ја оваа веб-страница, крајниот корисник се согласува дека секој спор или барање што произлегуваат од овие Услови, или е во врска со овие Услови или во врска со нивното спроведување, надлежен е судот во Загреб и хрватското право.

Апликации
Може да се сретнете со апликации од трети страни, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, веб-страници, графички контроли, софтвери или други софтверски алатки (во понатамошниот текст „Апликации“) поврзани со услугата Pickbox. Овие Апликации можат да преземаат податоци поврзани со вашата сметка на Pickbox и вашите активности и на друг начин собираат податоци од вас. Овие Апликации ви се пружаат само како погодност, а Pickbox не е одговорен за таквите апликации. ТАКВИТЕ АПЛИКАЦИИ СЕ ВО СОПСТВЕНОСТ ИЛИ СО НИВ УПРАВУВААТ ТРЕТИ СТРАНИ КОИ НЕ СЕ ПОВРЗАНИ ИЛИ НЕ СЕ СПОНЗОРИРАНИ ОД СТРАНА НА PICKBOX. АПЛИКАЦИИТЕ СЕ КОРИСТАТ СПОРЕД СОПСТВЕНА ОДЛУКА И ОДГОВОРНОСТ.

Користење на дадените информации
Pickbox го задржува правото да ги користи сите забелешки, информации, идеи, мислења, концепти или техники или кој било друг материјал содржан во која било комуникација што може да ни ја упатите, вклучувајќи ги одговорите на прашалниците или мислењата на услугата Pickbox, вклучувајќи ја и веб-страницата Pickbox и корисничкиот интерфејс без никаков надоместок, потврда или плаќање за која било намена, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, развој, производство и маркетинг на производи и создавање, изменување или подобрување на услугата Pickbox. Покрај тоа, се согласувате да не барате никакви „морални права“ на Повратните информации до мерка која е во согласност со важечкиот закон. Земете предвид дека Pickbox не прифаќа несакани материјали или идеи за серии и филмови и не е одговорен за сличностите на кој било дел од содржината или програмата со какви било материјали или идеи испратени до Pickbox. Ако ни испратите небарани материјали или идеи, тоа го правите, свесни дека нема да добивате никаква дополнителна накнада и се откажувате од сите облици на побарувања до Pickbox и неговите подружници за користење на овие материјали и идеи, дури и ако материјалите или идеите кои се користат се значително слични на материјалот или идејата што сте ја испратиле.

Корисничка поддршка
Ако ви треба помош со вашата сметка, кликнете на FAQ (Најчесто поставувани прашања). Овде ќе најдете одговори на многу често поставувани прашања и информации за тоа како да контактирате со претставник за корисничка поддршка. За дополнителни прашања кои не сте ги пронашле во „Најчесто поставувани прашања,“ ве молиме испратете барање до info@pickbox.tv. Во случај на противречност помеѓу овие Услови за користење и информации кои сте ги добиле од корисничка поддршка или со други делови на нашата веб-страница, предност имаат овие Услови на користење.

GENERAL DATA PROTECTION REGULATION (GDPR)
ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ – ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА PICKBOX

Компанијата PICKBOX со ограничена одговорност, Радничка 50, Загреб (во натамошниот текст: PICKBOX ), се обврзува да ги заштити вашите лични податоци во согласност со Општата регулатива на ЕУ за заштита на податоци (GDPR).
PICKBOX ја препознава важноста на заштитата на приватноста, безбедноста и заштитата на податоците за нашите корисници на услуги и на сите личности кои доаѓаат во контакт со нас, па затоа нашата цел е да понудиме заштита за сите наши операции и да спроведеме доследни правилници и процедури.
Оваа изјава за приватност ве информира за нашите заштитни практики и можностите за избор на начини, собирање и користење на вашите информации. Оваа изјава за приватност се однесува на сите веб-страници на Pickbox, домени, услуги, апликации и производи, како и на сите наши вработени.
Прегледајте ја Политиката за приватност – Политика за заштита на личните податоци на PICKBOX (во натамошниот текст „Политика за приватност“) и одвреме-навреме проверете ја, поради можните промени кои ќе бидат прикажани на страницата.
Оваа Политика за приватност ја дефинира политиката на PICKBOX за собирање, користење, откривање и пренесување на вашите лични податоци. Со користење, посетување, или сурфање на Pickbox, вие ги прифаќате и се согласувате со нашите практики кон личните податоци опишани подолу.

Цел на собирање на лични податоци

Личните податоци се собираат првенствено за да се осигури обезбедување на бараната услуга и најефикасен одговор на вашето барање.

Времетраење на Политиката за приватност

Во моментот на доставување на вашите податоци, се согласувате да контактирате со нас и на тој начин ни давате право да ги обработиме вашите лични податоци во согласност со наведената цел. Заштитата на приватноста на вашите податоци е трајна.

Собирање лични податоци

Податоците кои ги собираме преку платформи како што се Google Analytics, Google AdWords, Facebook или Midas се анонимни, што значи дека не ги впаруваме личните податоци со други параметри (на пр. вашето име и презиме со други податоци во врска со користењето на нашите услуги). Со други зборови, колачињата што ги користиме за собирање на таквите податоци не содржат податоци кои можат да ги идентификуваат корисниците. Во случај, вашите конфигурации да се поставени на начин што одбивате собирање на некои податоци – податоците нема да бидат собирани и складирани (на пр. блокирање на колачиња). Ако сте ја одбрале оваа опција, ние не гарантираме оптимално корисничко искуство.
Ние го задржуваме правото да ја следиме вашата интеракција со нас и да собираме податоци во врска со вас и вашата употреба на нашата услуга, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на вашата интернетска активност, кореспонденција, уреди и информации за софтверот (како оперативен систем или интернет прелистувач).
Податоците што ги собираме се:
• Име и презиме, електронската адреса и/или телефонски број – податоците можеме да ги користиме само ако ги наведете самите (на пр: преку обрзаецот за контакт или е-пошта)
• Колачиња/cookies/пиксели – автоматско ги собираме општите податоци, како што се времето поминато на сајтот, корисничка локација, типот на уред. Собираме колачиња и пиксели преку Google Analytics, Google AdWords и/или Facebook платформи
Податоците што ги собираме ги користиме за:
• Внатрешно генерирање на извештаи – корисничкото искуство ни е важно и од истата причина постојано сакаме да ги подобриме нашите услуги
• За прилагодување на содржината – барање информации за локација или конфигурациски поставки за да го прилагодиме јазикот на интерфејсот и/или достапната содржина
• Маркетинг активности – собраните податоци ги користиме за рекламни цели преку рекламна платформа/канал како билтени, Google AdWords, ремаркетинг на Google AdWords, Facebook и ремаркетинг на Facebook.
Во случај да сакате вашите податоци да бидат исклучени од рекламната мрежа на Google или Facebook, посетете ги вашите сопствени кориснички профили на овие платформи и промените ги вашите поставки кои се однесуваат на рекламирање, рекламни активности и споделување на сопствени податоци.
Во случај да имате какви било прашања или сакате вашите податоци да бидат исклучени од нашата база на податоци (кога е можно), ве молиме, контактирајте нѐ преку е-пошта: info@pickbox.tv.

Содржина на Политиката за приватност

Ние ги собираме и обработуваме вашите лични податоци во согласност со одредбите на Општата регулатива за заштита на податоци, ЕК 2019/679. Ќе ги чуваме собраните податоци на соодветен начин и ќе ја обезбедиме нивната доверливост. Собраните податоци нема да ги проследуваме на трети лица без ваша изречна дозвола.
Ги собираме само оние лични податоци кои доброволно ни се доставени. Не бараме од вас да ни ги испратите овие податоци за да ви овозможиме пристап до вашата страница и не бараме да откриете повеќе информации отколку што е потребно за да учествувате во било која активност на нашата веб-страница.
Pickbox нема да ви испраќа несакана пошта. Pickbox не одговара за случајна грешка или грешка поради Виша сила или други објективни околности кои предизвикуваат случајна повреда на гарантираната заштита на вашите податоци, но гарантира дека грешката ќе биде отстранета, доколку е можно што е можно поскоро.
Не продаваме, пренесуваме или не откриваме лични податоци што ги собираме на некој надвор од PICKBOX без ваша дозвола (освен податоците што ги бараат деловните партнери за да ги извршуваат/овозможат услугите). Од ова се изземаат случаите во кои продавачот е должен да поднесе или дозволи пристап или увид во личните податоци на купувачот, по важечки налог од овластените државни органи, во согласност со закон. Продавачот ги собира личните податоци на купувачот само до оној степен кој е неопходен за да ја исполни својата обврска, да информира за нови и акциски производи, да дава промотивни материјали, да ги подобрува односите со клиентите и да ги проверува другите информации потребни за купување преку интернет.
Купувачот има право да бара дополнување, коригирање или измена на неточни лични податоци. Продавачот редовно му обезбедува на купувачот можност да избере да ги користи неговите/нејзините податоци, вклучувајќи ја и можноста за одлучување дали да се отстрани неговото име од листата што се користи за маркетинг цели.

Тајност на податоците

Сакаме јасно да истакнеме, дека при посета на овие страници, вашите лични податоци остануваат тајни, освен ако не сакате доброволно да ги откриете на други страни.

Податоци опфатени со Политиката за приватност:

Име и презиме, датум на раѓање, адреса на престој, електронска пошта, број на телефон и/или број на факс, личен идентификациски број (ЛИБ), други информации што ги разменувате со нас, а сакате да останат тајни.

Безбедност на податоците

Заради безбедноста на податоци на нашите сервери на глобалната мрежа, но и за да обезбедиме достапност на услугите за сите корисници, овој систем користи софтвер кој ги следи посетите на мрежата и препознава неовластени обиди за испраќање или промена на податоци, како и оние кои можат да предизвикаат штета на некој друг начин.
Неовластени обиди за испраќање или промена на податоци на оваа локација се строго забранети.

Контрола

Секое лице има право на увид во својата збирка на лични информации, да бара пристап до своите лични податоци и да ги промени, право на поправка, заборав, ограничување на обработка, жалба и пренос на податоци и во секое време да смее да го откаже одобрението за користење на личните податоци, да бара промена на податоци или бришење од базата на податоци.
Тоа може да го сторите со поднесување барање до нашиот службеник за заштита на лични податоци, во писмена форма или лично, со пристигнување на нашата адреса.

Употреба на колачиња (Cookies)

Со цел да го олесниме прелистувањето на нашите веб-страници, нашата сервери на глобалната мрежа може да користи колачиња. Тоа се мали текстуални датотеки поставени од страна на серверот на компјутерот на корисникот со цел да се следи употребата на одделни јазични верзии на нашите веб-страници, како и кога се пристапува на делови на сајтови кои бараат корисничко име и лозинка. Колачињата не може да се користат за да се стартува програм или поставување на вируси на вашиот компјутер. Преглед на нашите страници е можно без употреба на колачиња, ако е поставен така вашиот интернет пребарувач , но во овој случај некои функционалности нема да бидат целосно на располагање.

Порака преку е-пошта

Кога ни испраќате електронска пошта (e-mail) со лични информации според кои може да ве идентификуваме, или преку е-пошта со прашања или коментари, или преку обрзаецот поднесен преку е-пошта, овие информации ќе ги користиме за целите на задоволување на вашите барања.

Линкови

Правиме сѐ што е во наша моќ за да осигуриме дека сите пренасочувања од нашите веб-страници упатуваат на веб-страници кои не содржат незаконски и/или штетни содржини. Како и да е, веб-страниците и адресите на мрежата се менуваат брзо и не можеме секогаш да ја гарантираме содржината на секоја адреса на која што целите. Ако имате какви било прашања или сомнежи за нашата политика за приватност или за вашите искуства со оваа интернет адреса, ве молиме да нѐ известите.

Тајност на податоците при плаќања

При плаќања во нашата веб-продавница, користете CorvusPay – напреден систем за безбедно прифаќање на платежни картички преку интернет.

CorvusPay обезбедува целосна тајност на податоците од вашата кредитна картичка од моментот кога ќе ги впишете во платежниот обрзаец на CorvusPay. Платежните податоци се проследуваат шифрирани од вашиот веб-прелистувач до банката која ја издала вашата картичка. Нашата продавница никогаш не доаѓа во контакт со целосните детали на вашата платежна картичка. Исто така, податоците не се достапни дури и за вработените во системот CorvusPay. Изолираното јадро ги пренесува и управува со чувствителните податоци самостојно, зачувувајќи ги, притоа целосно безбедни.
Образецот за пријавување на платежни податоци е обезбеден со SSL сообраќаен код за максимална сигурност. Сите податоци се дополнително заштитени со енкрипција, со користење на уред за енкрипција сертифициран од страна на FIPS 140-2 Ниво 3 стандард. CorvusPay ги исполнува сите барања кои се однесуваат на безбедноста на онлајн плаќањата пропишани од водечките брендови на картички и работи во согласност со стандард – PCI DSS Ниво 1 – што претставува највисок безбедносен стандард во индустријата на платежни картички. При плаќање со картички вклучени во безбедната програма 3-D, вашата банка со валидноста на самата картичка, дополнително го потврдува вашиот идентитет со користење токени или лозинки.

Corvus Info сите собрани информации ги смета како банкарска тајна и соодветно ги третира. Информациите се користат исклучиво за целите за кои се наменети. Вашите чувствителни податоци се потполно безбедни, а нивната приватност е загарантирана со најсовремени безбедносни механизми. Ќе се собираат само податоците потребни за извршување на работата во согласност со барањата на бараните постапки за плаќање преку интернет.
Безбедносните контроли и оперативните процедури кои се применуваат на нашата инфраструктура ја гарантираат моменталната сигурност на системот CorvusPay. Покрај тоа, со одржување на строга контрола на пристап, редовно следење на безбедноста и длабинските проверки за да се спречи ранливост на мрежата и со планско спроведување на одредбите за безбедност на информации, трајно го одржуваат и подобруваат нивото на систем за заштита на безбедноста на податоците од вашите картички.

Освен CorvusPaya, можете да платите со услугата PayPal со што ќе подложите на нивната политика за приватност. Прочитајте повеќе на https://www.paypal.com/bg/webapps/mpp/ua/legalhub-full

Контактирајте нѐ

Ако имате прашања во врска со приватноста, ве молиме контактирајте го службеникот за заштита на податоци од PICKBOX:

Име и презиме на претставникот: Маријана Гредељ
Е-пошта: info@pickbox.tv
Адреса : Радничка улица 50 , 10 000 Загреб