Две нови фантастични серии на Pickbox NOW

Воскресение и Шепоти

Фантазијата, мистиката и научната фантастика се идеални за летни серии кои овој јули се на Pickbox NOW. Се работи за две нови серии – фантастичната серија Воскресение“ („Resurrection“) која помеѓу другите ја продуцираше Бред Пит, како и научно-фантастичната драмска серија Шепоти“ („The Whispers“) од продуцентот Стивен Спилберг.

ТАИНСТВЕНО ВРАЌАЊЕ

Возбудливата и таинствена американска серија Воскресение е научно-фантастична серија за мртвите луѓе кои се враќаат во живот. Таа се заснова на романот „The Returned“, од писателот Џејсон Мот.

Серијата ги следи жителите на Аркадија, Мизури, чијшто живот се менува кога нивните најмили се враќаат од мртвите, а воопшто не остареле. Помеѓу повратниците е и Џејкоб Лангстон (Ландон Хименез), осумгодишно момче кое се удавило во 1982 година.

Ненадејното враќање на Џејкоб ги мотивира неговиот вујко, шерифот Фред Лангстон (Мет Крејвен) и неговата ќерка д-р Меги (Девин Кели) да откријат повеќе за оваа мистерија. Имено, сопругата на шерифот и мајка на Меги се удавила додека наводно се обидувала да го спаси момчето. Кејлеб Ричардс (Сем Хазелдин), таткото на најдобрата пријателка на Меги, Илејн Ричардс (Самари Армстронг) е вториот човек кој се враќа и ги предупредува дека има уште многумина што се враќаат.

>> Сите епизоди од серијата Воскресение гледај ги веднаш на Pickbox NOW

ИМАГИНАРНИОТ ПРИЈАТЕЛ ОД КОШМАРОТ

Втората научнофантастична серија на Pickbox NOW е американската серија „Шепоти“ од продуцентот Стивен Спилберг. Серијата се заснова на краткиот научнофантастичен расказ „Zero Hour“ од писателот Реј Бредбери.

Дејствието се врти околу едни деца кои доживуваат низа несреќи, а ги поврзува тоа што комуницираат со истиот невидлив и навидум имагинарен пријател по име Дрил. Имено, децата тајно ги играат „игрите“ на Дрил во замена за наградите што им ги ветува. Клер Бениган (Лили Рејб) е специјална агентка на ФБИ и специјалист за деца. Таа ги истражува и наоѓа врските не само помеѓу различните случаи со деца, вклучително и со нејзиниот сопствен син, туку ја наоѓа и поврзаноста со исчезнувањето на својот сопруг (Мајло Вентимиља).

>> И двете фантастични серии гледај ги веднаш на Pickbox NOW!