6 нови серии на Pickbox NOW

Еве зошто се идеални за летото

Новите серии се идеални за жешкото лето – кога надвор е премногу топло за живот, имагинарните светови на сериите и филмовите ве спасуваат од сончаницата. Одличната работа е што на Pickbox NOW се наоѓаат цели сезони на сериите, па епизодите може да се гледаат една по друга! Почестете се со 6 одлични нови серии.

  1. Спаси ме“ (Save Me)

„Спаси ме“ е прогласена за најдобра драмска серија во 2019 година од страна на “Ројал телевижн сосајети”. Покрај тоа, доби толку одлични критики што веднаш е нарачана и втората сезона која веќе се снима. Оригинална, таинствена и напната, новата серија Спаси ме со Лени Џејмс во главната улога е вистински криминалистички деликатес. Целосната прва сезона е на Pickbox NOW!

  1. Ривиера“ (Riviera)

Во новата трилер серија, главната улога ја има волшебната Џулија Стајлс која ја познаваме од филмовите 10 причини зошто те мразам, Насмевката на Мона Лиза и многу други. Американскиот кустос на Стајлс е Џорџина, а нејзиниот сопруг Константин, е убиен во експлозија на јахтата на еден руски олигарх и дилер со оружје. Верувајќи дека неговата смрт не е несреќен случај, се вплеткува во свет на лаги и криминал и нејзиниот живот за миг се превртува. Покрај Џулија Стајлс, тука е одличната актерска екипа составена од згодниот актер Иван Рион (Игра на тронови), Лина Олин (Чоколадо, Казанова) и Адријан Лестер (Измамници).

  1. Куршуми“ (Bullets)

Новата финска серија Куршуми (2018.) е интелигентен спој помеѓу криминалистичка серија, шпионски трилер и политичка драма. „Куршуми“ не е типична нордиска ноар серија. Дејството се врти околу германската актерка Сибел Кекили (Game of Thrones, Head-On). Таа доаѓа во Хелсинки и бара политички азил. За Црната Вдовица дотогаш се мислело дека е мртва, што буди сомнежи во тајните агенции.

  1. „Кардинал“ (Cardinal)

Мрачната атмосфера и морничавото дејство со фокус на таинствениот главен лик и комплексното дејство кое се врти околу истрагата за едно убиство, потсетуваат на скандинавските ноар серии поради што канадската криминалистичка серија Кардинал е идеална за разладување во текот на летото. Серијата го следи детективот Џон Кардинал кого го глуми фантастичниот актер Били Кембел (‘The Killing’, ‘Moon Over Miami’, ‘The 4400′, ‘Once and Again’). Сите три сезони се на Pickbox NOW!

  1. Дијаманти“ (Ice)

Драмската криминалистичка серија Дијаманти (Ice) собира силна екипа – креаторот на серијата е и нејзин сценарист и режисер Роберт Мјуник (Empire), а во главните улоги се популарниот актер Доналд Сатерленд (The Hunger Games), Џереми Систо (Law & Order, Six Feet Under) и Кем Жиганд (The O.C.). Дејството на серијата се врти околу едно семејство од Лос Анџелес чијшто семеен бизнис има долга традиција, а се занимаваат со трговија со дијаманти. И двете сезони на напнатата криминалистичка серија се на Pickbox NOW!

  1. Мери убива луѓе“ (Mary Kills People)

Мери убива луѓе“ (Mary Kills People) е напната канадска серија во чијшто фокус се приказните на лекарката Мери Харис, која ја игра канадската актерка Керолајн Даверна. Мери работи на итното одделение во болницата, но има и хонорарна работа како советничка за завршување на животот. Интересната серија се занимава со оваа табу тема, а сите три сезони се на Pickbox NOW!