5 врвни британски серии на Pickbox NOW

Жртва, Спаси ме...

Британските серии се меѓу најдобрите на светот, а еден куп нови серии побарајте на Pickbox NOW – од криминалистичката серија Спаси ме (Save Me), која е прогласена за најдобра серија во 2019 година, до адаптацијата на романот на Агата Кристи во која Поаро го глуми никој друг, туку легендарниот Џон Малкович.

Фрлете око на овие 5 препораки и впуштете се во светот на врвните британски серии!

  1. Жртва“ (The Victim)

Новата трилер мини-серија на Би-Би-Си Жртва, ни пристигнува од креаторот на серијата The Man in The High Castle Роб Вилијамс. Дејството кое се одвива во Шкотска, го следиме низ очите на тие коишто седат на обвинителната клупа. Премисата на серијата е интересното прашање – кој е всушност „ Жртвата“? Четирите интересни епизоди на оваа мини-серија гледајте ги на Pickbox NOW.

  1. Спаси ме“ (Save Me)

Креаторот, сценаристот, режисерот и главниот актер на оваа моќна и напната серија од шест дела е популарниот актер Лени Џејмс (Line of Duty, The Walking Dead, Fear the Walking Dead). Освен што серијата е прогласена за најдобра серија во 2019 година, Лени ја освои и наградата за најдобар сценарист.

>> Спаси ме: 5 причини за гледање на новата британска криминалистичка серија

  1. Агата Кристи: Несреќата на невините“ (Agatha Christie: Ordeal by Innocence)

Во криминалистичката серија заснована на истоимениот роман на Агата Кристи се работи за убиството на богатата г-ѓа Рејчел Аргил. Полицијата го апси нејзиниот посвоен син Џек, но тој цело време тврди дека е невин. Година дена подоцна се појавува еден таинствен научник кој тврди дека Џек не е убиецот. Но поради тоа што Џек умрел в затвор пред случајот да стигне на суд, а семејството не сака да копа по тајните од минатото, патот до вистината е сѐ потежок.

  1. Агата Кристи: Убиства по азбучен ред“ (Agatha Christie: The ABC Murders)

Во серијата „Агата Кристи: Убиства по азбучен ред“ играат Руперт Гринт и Тара Фицџералд, а најголемото изненадување е што улогата на Херкул Поаро ја игра никој друг, туку Џон Малкович! Славниот детектив Херкул Поаро брка еден сериски убиец кој ги убива жртвите по азбучен ред, а на секое место на злосторството остава само возен ред за возовите…

  1. Крвно сродство“ (Next of Kin)

Дејството се одвива во Лондон и се врти околу лекарката Мона Харкорт која дознава дека нејзиниот брат е киднапиран додека се враќал во Велика Британија, и тоа на истиот ден кога во Лондон се случува терористички напад. Ужасот се зголемува кога се вклучува полициската антитерористичка единица која е заинтересирана за братучедот на Мона Дени, кого никој не го видел веќе 6 недели. Ова е нова и напната, одлична трилер серија на која брзо ќе се навлечете.

Одличните британски серии гледај ги на Pickbox NOW!