5 причини за гледање нордиски шпионски серии

Куршуми

Финската шпионска серија Куршуми (Bullets) пристигна на Pickbox NOW, и во многу погледи е феноменална. Ви даваме 5 причини за гледање на овој нордиски шпионски деликатес!

  1. ИНТЕЛИГЕНТЕН СПОЈ НА ЖАНРОВИ

Bullets не е типична нордиска ноар серија – се одликува со интелигентна комбинација на криминалистичка серија, шпионски трилер и политичка драма. Шпиони, терористи, тајни и бомбаши-самоубијци ѝ даваат возбудлива нота на оваа нордиска серија. Ништо не е така како што изгледа!

  1. НАПНАТО ДЕЈСТВИЕ

Дејствието се врти околу поранешната терористка Медин Табурова, со прекар „Црна вдовица“, која доаѓа во Хелсинки и бара политички азил. Досега за Црната вдовица се мислело дека е мртва, што предизвикува сомнеж кај разузнавачките агенции. Талентираната тајна агентка Мари Сари се спријателува со поранешната терористка за да ги открие нејзините мотиви за доаѓање во Финска. Мари Сари се инфилтрира во внатрешниот круг на Црната вдовица која регрутира бомбаши-самоубијци. Но, набргу развива симпатии кон Црната вдовица и сфаќа дека нејзините должности како тајна агентка и нејзиниот порив да ја заштити Црната вдовица се во меѓусебен судир.

  1. СКАНДИНАВСКА АВАНТУРА

Bullets е една од новите скандинавски серии која дефинитивно вреди да се гледа – освен што има големи пофалби од критиката и публиката, особено се истакнуваат два силни женски лика кои се во фокусот на овој шпионски трилер. Црната вдовица ја глуми германската актерка Сибел Кекили која е позната по серијата Игра на тронови, а тајната агентка Мари Сари ја игра феноменалната финска актерка Криста Косонен.

  1. ПРОДУЦЕНТИ НА СЕРИЈАТА THE KILLING

Од продуцентот на нордиските хит-серии The Bridge и The Killing, сега пристигнува Bullets која е снимена во три држави – Финска, Белгија и Грузија, а продуцентски куќи од сите три држави ја продуцираа серијата.

  1. ЦЕЛОСНАТА СЕРИЈА Е НА PICKBOX NOW

Впуштете се во шпионската авантура и целосната прва сезона и интригантната трилер-серија Куршуми (Bullets) гледајте ја на Pickbox NOW!