5 причини за гледање на нордиски криминалистички комедии

Црни вдовици

Нордиската криминалистичка комедија Црни вдовици (Black Widows) е нова серија-деликатес на Pickbox NOW. Ви даваме 5 причини за гледање и за уживање!

  1. СПОЈ ОД ЦРНА КОМЕДИЈА И КРИМИНАЛИСТИЧКА СЕРИЈА

Опишана како мрачна и со црн хумор, Црни вдовици претставува одлична спојка од црна комедија и криминалистичка серија.

  1. ЛУДА ПРИКАЗНА ВО ЗАДНИНА

Приказната се врти околу три пријателки кои не се среќни во бракот, а тој проблем одлучуваат да го решат така што се договараат да си ги убијат сопрузите. Нивните мажи се колеги од работа, па трите брачни пара заедно одат на одмор во една викендичка во Норвешка. Кога мажите одат на риболов со брод, тој експлодира. Да, нивните жени го кренале во воздух.

  1. ВОЗБУДЛИВА Е

Приказната почнува кога жените ги убиваат своите мажи. Мислејќи дека ја добиле својата слобода, очекуваат дека остатокот од своите животи ќе го продолжат во мир и во тишина. Секако, ништо не излегува како што замислиле. Во нивниот живот влегуваат шведскиот полицаец Фолке Лундгрен и норвешкиот детектив Питер Весело кои започнуваат меѓународна истрага. Доказите упатуваат на тоа дека експлозијата не била само несреќен случај, поради што лудите протагонистки кои само сакаа мир и тишина, одеднаш се наоѓаат во свет на лаги и на криминал.

  1. НОРДИСКА КОЛАБОРАЦИЈА

Црни вдовици е создадена според финската серија Mustat lesket, и е вистинска нордиска колаборација – продукцискиот тим претежно е фински, серијата е снимена во Финска, но актерите и режисерите се од скандинавското подрачје, Данска, Норвешка и Шведска. Во главните улоги се актерки од разни делови на скандинавското подрачје – Норвежанката Синов Мекоди Лунд, Швеѓанката Сесилија Форс и Данката Беате Биле.

  1. ЦЕЛОСНИТЕ ДВЕ СЕЗОНИ СЕ НА PICKBOX NOW

И двете сезони од оваа забавна, мрачна, таинствена криминалистичка серија со црн хумор, Црни вдовици (Black Widows), гледајте ги на Pickbox NOW!