5 причини за гледање криминалистичка серија

Дијаманти

Дијаманти (Ice) е нова криминалистичка серија на Pickbox NOW. Создавачот на серијата е сценаристот и режисер Роберт Мјуник(Empire). Ова е возбудлива приказна за дилерите со дијаманти, па затоа ви даваме 5 причини за гледање!

  1. ОДЛИЧНА АКТЕРСКА ПОСТАВА

Дијамантската актерска постава ја сочинуваат главниот актер Џереми Систо, познат по улогите во сериите Law & Order и Six Feet Under,и Кем Гигандет кого го познаваме од серијата The O.C.Со нив тука е и фантастичниот Доналд Сатерленд (The Hunger Gamesи многу други), кој го глуми суровиот шеф на дијамантскиот картел, Питер Ван де Бруин.

  1. ЛУДИОТ СВЕТ НА ДИЈАМАНТИТЕ

Во серијата „Дијаманти“ (Ice) ќе видите свет кој не се гледа често (или никогаш) – подземниот свет на трговијата со дијаманти и со криминалот кој се случува околу овие светкави камчиња. Оригинален и свеж, овој трилер обезбедува повеќе од добра забава.

  1. ПРИКАЗНАТА ВО ЗАДНИНА

Приказната се врти околу едно семејство во Лос Анџелес, чијшто семеен бизнис има долга традиција – се занимаваат со трговија на дијаманти. Џејк и Фреди Грин се браќа кои работат за семејната компанија Green & Green Diamond, специјализирана за трговија со дијаманти. Тие имаа искуство кое бара прецизно познавање на уметноста, а нивното семејно богатство потекнува уште од бегството од Европа пред холокаустот.

  1. ТРИЛЕР ОСВЕЖУВАЊЕ

Дејствието зема залет кога Фреди кој е зависник од дрога, убива еден познат добавувач на дијаманти. Неговиот поодговорен брат, Џејк, мора да се обиде да го спаси семејниот бизнис. Семејството Грин одеднаш се наоѓа во подземјето на дијамантскиот свет. Мораат да соработуваат со криминалци, дилери на крвави дијаманти, а имаат работа и со еден суров шеф на дијамантски картел, Питер Ван де Бруин.

  1. ЦЕЛОСНИТЕ ДВЕ СЕЗОНИ СЕ НА PICKBOX NOW

Нурнете се во светот на дијамантите и забавувајте се во двете сезони на свежата драмска криминалистичка серија „Дијаманти“ (Ice) на Pickbox NOW!