5 причини да ја изгледате мрачната детективска серија

Кардинал

Новата канадска детективска трилер-серија Кардинал е вистинско освежување на сериската сцена. Во главната улога е фантастичниот Бил Кембел (Убиство, Месечината над Мајами, 4400, Живот одново), кој ја толкува улогата на мистериозниот детектив Џон Кардинал. Ви даваме 5 причини зошто треба да го гледате овој детективски специјалитет!

  1. АДАПТАЦИЈА НА НАГРАДУВАНИ КРИМИ-РОМАНИ

Кардинал се заснова на крими-романите на наградуваниот канадски писател Џајлс Блант. Првата сезона е адаптација на Блантовиот роман Четириесет зборови за тага, во чијшто фокус е истрагата на убиството на исчезнато 13-годишно девојче. Втората сезона е адаптација на третиот Блантов роман Сезона на црните муви, а третата сезона е адаптација на два романи: Додека не го прочиташ ова и Машинерија на злосторството.

  1. МОРНИЧАВО ДЕЈСТВО

Детективот Џон Кардинал безуспешно истражува случај на исчезнато 13-годишно девојче, а бидејќи истрагата не води никаде, претпоставените го преместуваат од одделот за убиства. Меѓутоа, по наоѓањето на телото на исчезнатото девојче, Кардинал е вратен на случајот. Овој пат случајот со него го води неговата нова партнерка Лиз Делорм. Додека Кардинал се обидува да го фати серискиот убиец, Лиз тајно го истражува неговото мрачно минато.

  1. МРАЧНА АТМОСФЕРА

Мрачната атмосфера и морничавото дејство на целата серија потсетуваат на сканди-ноар сериите, со фокус на мистериозниот главен лик и комплексното дејство што се врти околу истрагата на убиството.

  1. СЦЕНАРИСТОТ НА ЦРНОТО СИРАЧЕ

Иако писателот на крими-романи Џајлс Блант учествувал во пишувањето на сценариото како советник, сценариото за оваа детективска крими-серија го напишал наградуваниот канадски сценарист Обри Нилон, кој потпишува проекти како што е популарната серија Црното сираче.

  1. СИТЕ ТРИ СЕЗОНИ ПРИСТИГНУВААТ НА PICKBOX NOV

Кардинал има вкупно три сезони и сите пристигнуваат на Pickbox NOW. Комплетната прва сезона пристигнува на 3 јуни, втората сезона на 10 јуни, а третата сезона пристигнува на 17 јуни. Препорачуваме да го изгледате овој детективски специјалитет на Pickbox NOW!