5-от роденден на Pickbox ќе го прославиме со стил

5 премиери за 5-от роденден на Pickbox

5-от роденден на Pickbox ќе го прославиме со стил. Во 5-от месец гледајте 5 премиери на одличните оригинални серии. Од криминалистичката серија за дилерите со дијаманти „Дијаманти“ (Ice) со Доналд Сатерленд и напнатиот трилер „Ривиера“ со волшебната Џулија Стајлс, до третата сезона на канадската серија „Мери убива луѓе“ (Mary Kills People), уживајте во новите серии кои ќе ве воодушеват!

  1. Дијаманти“ (Ice)

Драмската криминалистичка серија „Дијаманти“ (Ice) се врти околу едно семејство од Лос Анџелес кое има долга традиција на семеен бизнис – се занимаваат со трговија со дијаманти. Во главните улоги се Доналд Сатерленд (The Hunger Games и многу други), Џереми Систо (Law & Order, Six Feet Under) и Кем Гигандет (The O.C.). И двете сезони на напнатата драмска криминалистичка серија пристигнаа на Pickbox!

  1. „Црни вдовици“ (Black Widows)

Нордиската криминалистичка комедија „Црни вдовици“ е мрачна хумористична серија која ги следи животите на трите пријателки кои не се среќни во бракот, а тој проблем одлучуваат да го решат така што се договараат да ги убијат своите сопрузи. Но, работите не одат така како што си ги замислиле… И двете сезони на „Црни вдовици“ можете да ги гледате веднаш!

  1. „Спаси ме“ (Save me)

Создавач, сценарист, режисер и главен актер на оваа моќна и напната серија во шест дела е популарниот актер Лени Џејмс (Line of Duty, The Walking Dead, Fear the Walking Dead). „Спаси ме“ е серија полна со мистерии, конфликти, хумор, болка и насилство, а оваа мешавина е направена на интелигентен начин. Го следиме Лени Џејмс кој ја толкува улогата на Нелсон „Нели“ Роу во чијшто живот се случува пресврт кога неговата отуѓена ќерка, Џоди, таинствено исчезнува. Тој станува еден од осомничените за киднапирањето на својата ќерка којашто речиси никогаш ја нема видено. Тој оди во потрага по исчезнатата ќерка и се обидува да ја дознае вистината.

  1. „Мери убива луѓе“ (Mary Kills People)

Двете сезони на напнатата канадска серија „Мери убива луѓе“, за докторката Мери која на пациентите на смртна постела им помага да извршат самоубиство, веќе се на Pickbox, а во мај премиерно пристигнува третата и последна сезона која ќе се емитува еднаш седмично. Во последното поглавје нѐ очекуваат шест епизоди и конфликтен избор помеѓу животот и смртта. Оваа оригинална криминалистичка серија во третата сезона ќе одговори на прашањата кои останаа нерешени во напнатата втора сезона, а се најавува возбудлива, шокантна и емотивна завршница.

  1. „Ривиера“ (Riviera)

Џулија Стајлс е главната актерка во новата серија – опојниот трилер „Ривиера“. Првата сезона која се состои од 10 епизоди, е достапна на Pickbox, а втората сезона премиерно доаѓа на 24 мај, и тоа, сите епизоди одеднаш. Дејствието се одвива во сончевата јужна Франција, на Азурниот брег каде што се собираат богаташите од целиот свет, поради што серијата жанровски е опишана како „џет-сет трилер“. Волшебната Џулија Стајлс е во улогата на американскиот кустос, Џорџина, омажена за милијардерот Константин Клиос. По една година брачен живот, нејзиниот сопруг Константин е убиен во експлозија на јахтата на руски олигарси и дилери со оружје. Нејзиниот живот за миг се менува, а Џорџина е истрајна во тоа да открие што се случило. Уживајте во „Ривиера“ на Pickbox!