5 комедии што ќе ве развеселат

На Мидлтон, Женски мозок...

Слатките комедии служат за да ве развеселат, а на Pickbox NOW постојат неколку од нив кои се идеални за тоа! Ви ги препорачуваме овие пет филмови во кои играат некои од најдобрите актери на денешнината, како што се Селма Хаек, Кира Најтли, Скарлет Јохансон и Џулиен Мур. Поминете ја вечерта со смеа на Pickbox NOW.

5. Како да бидеш латински љубовник (How To Be A Latin Lover) (2017)

Максимо сака да биде богат, а да не мора ништо да работи, па заведува богати постари жени и на крајот се зема со двојно постара. По 25 години тој е уморен од тоа да се буди до својата 80-годишна сопруга, која решава да го замени со помлад. Тој е исфрлен од вилата и завршува во станчето на сестра му, па со помош на внук му се обидува да си најде нова богата жена.

4. На Мидлтон (At Middleton) (2013)

Едит Мартин и нејзината нервозна ќерка Одри, доаѓаат на турнејата во универзитетот „Мидлтон“ каде што во обиколка се и Џорџ Хартман и неговиот немотивиран син Конрад. Во еден момент, Едит и Џорџ се губат и заталкуваат, па се зближуваат барајќи ја својата група.

3. Женски мозок (Female Brain) (2017)

Истражувањето за биохемијата на женскиот мозок што го спроведува научничката Џулија е прикажано преку односите на три двојки: Зои и Грег чиишто кариери почнуваат да влијаат врз нивниот брак, потоа Лиза и Стивен кои сакаат да го зачинат својот брак, како и Лекси која постојано се обидува да го промени своето момче Адам. Во меѓувреме, мозочните синапси на Џулија почнуваат засилено да работат кога во нејзината студија се придружува еден згоден субјект…

2. Кажи кога (Laggies) (2014)

Меган крева паника кога нејзиното момче ја запросува, па една недела се крие кај својата нова пријателка, 16-годишната Аника, која живее со татко си.

1. Дон Џон (Don Jon) (2013)

Џон Мартело е успешен заводник кој секоја вечер успева да освои прекрасна девојка. Но и најдобрите врски за една вечер не го усреќуваат како порнографијата. Тој бара поисполнет сексуален живот, а патем ќе сретне две сосема различни жени од кои ќе научи многу за животот.