5 идеални серии за Нова година

Ако за прославата на Нова година одлучивте да останете дома, ова е вистинската топ-листа за вас! Ви носиме список од серии на Pickbox NOW кои се идеални за бинџување до по полноќ, кога со нив можете среќно да запловите во новата година.

Кардинал (Cardinal) – детективска серија

Во главната улога на оваа генијална канадска детективска серија е Били Кемпбел (The Killing, Moon Over Miami, Once and Again), кој неодамна го посети Загреб, а мрачното и морничаво дејствие потсетува на скандинавските ноар серии, со фокус на сложеното дејствие што се врти околу истрагите за убиствата и околу таинствениот главен лик, Џон Кардинал, за кој Били Кемпбел беше номиниран за престижната награда „Еми“. Сите три сезони се достапни на Pickbox NOW, што значи дека во нив можете да уживате долго во ноќта.

Моќ (Power) – гламурозна криминалистичка серија

Врвната криминалистичка драма во продукција на раперот 50 Сент се врти околу парите, сексот, дрогата и моќта. Главниот лик е Дух, кого го следи статусот на човек со силна улична интелигенција. Тој води еден познат ноќен клуб што го употребува како параван за бизнисите поврзани со дрога, но Дух сепак има среден живот и семејство. Втората половина на шестата сезона почнува веднаш по Нова година, па сега е идеално време да ги изгледате првите 10 епизоди од шестата сезона!

Валкира (Valkyrien)– нордиска трилер-серија

Оваа нордиска серија успешно ги спојува елементите на скандинавски ноар, медицинска серија и трилер. Дејствието е многу интересно – под плоштадот во Осло, Лиф Лиен кој се подготвува за судниот ден, наместил сѐ за докторот Равн Ајкангер кој таму спроведува тајни незаконски истражувања и лечи криминалци и итни случаи кои не можат да побараат помош во нормална болница. Серијата има една сезона, што значи дека е идеална за гледање одеднаш во една вечер!

Странци (Strangers) – британска криминалистичка серија

Од продуцентот на серијата The Missing, доаѓа новата серија Strangers која собра само пофалби и од публиката, и од критиката. Таа е една од најгледаните серии на Pickbox NOW, а ќе ве воодушеви со глумата, интересното дејствие и шокантните пресврти. Во фокусот на приказната е универзитетскиот професор Џона Малреј (Џон Сим) чијшто живот се превртува наопаку кога дознава дека неговата жена загинала во сообраќајка во близина на Хонгконг. Тој седнува во авион за Хонгконг и оди да го идентификува телото. Сам во целосно непозната околина, опкружен со локални полицајци кои премногу работат за премалку пари, Џона открива дека несреќата воопшто не е таква каква што изгледа.

Поаро (Agatha Christie’s Poirot) – британска детективска серија

Најпопуларната детективска серија на сите времиња е идеално четиво за пречек на Новата година. Сите 70 епизоди се достапни на Pickbox NOW, а секоја епизода е адаптација на еден роман или краток расказ од Агата Кристи. Поаро, кого го глуми легендарниот Дејвид Сувет, е главниот детектив во истрагата на злосторството и идеален партнер за пречек на Новата година!

Изберете која серија сакате да ја гледате и пречекајте ја Новата година со Pickbox NOW!