Јануарски премиери

Пристигнуваат одлични премиери на американски и британски серии

Во јануари на Pickbox пристигнуваат одлични премиери на американски и британски серии кои зрачат со криминалистичка, таинствена, детективска атмосфера, како што се кратката серија Агата Кристи: Убиства по азбучен редсо Џон Малкович во главната улога и драмата „Вистината за случајот Хари Кеберт“ со Патрик Демпси во главната улога. Јануари на Pickbox е резервиран и за новата, петта сезона на „Викинзи“, како и за криминалистичкиот серијал од 9 филмови „Мистериите на Аурора Тигарден“.

Агата Кристи: Убиства по азбучен ред/Agatha Christie: The ABC Murders

Почеток на емитување: Од 18.1., секој петок нова епизода

Главни улоги: Џон Малкович, Руперт Гринт

Би-би-си ја носи кратката серија Агата Кристи: Убиства по азбучен ред/Agatha Christie: The ABC Murders, нова адаптација на делата од легендарната Агата Кристи, каде што во главна улога се наоѓа исто така легендарниот и на сите добро познат Поаро. Во прв план е феноменалната актерска екипа која, како Поаро, ја предводи легендарниот Џон Малкович. Ве очекува автентична детективска приказна во британски стил!

„Вистината за случајот Хари Кеберт“ /The Truth About Harry Quebert Affair

Почеток на емитување: Од 19.1., секоја сабота нова епизода

Главни улоги: Патрик Демпси, Бен Шницер, Дејмон Вајанс Јуниор, Вирџинија Мадсен

Таинствената драмска серија Вистината за случајот Хари Кеберт“ (The Truth About the Harry Quebert Affair) се заснова на истоимениот роман од писателот Џоел Дикер. Во напнатата серија следиме еден млад писател (Бен Шницер) кој го посетува Хари Кеберт (Патрик Демпси) за да најде писателска инспирација. Но тој неочекувано дознава дека Хари е обвинет за убиството на 15-годишната Нола Келерган. Предизвикувачката и напната приказна со скандалозни пресврти е првата серија на Патрик Демпси по „Вовед во анатомија“ („Grey’s Anatomy) и е вистински деликатес за зимските денови.

„Викинзи“ /Vikings Петта сезона

Време на емитување: Секој четврток нови епизоди

Вториот дел од петтата и претпоследна сезона на омилената историска сага „Викинзи“ (Vikings) е интересен, напнат и динамичен. Во оваа сезона акцентот е ставен на семејството на Рагнар кое е разединето, војува меѓусебно и е раскарано. Треба да нагласиме и дека петтата сезона е посебна затоа што се случуваат работи кои се поклопуваат со вистинскиот начин на функционирање на викиншкото општество.

Љубовници/Mistresses

Време на пристигнување: Сите четири сезони се на услугата за стриминг Pickbox од 7.1.

Американската верзија на Љубовници“ (Mistresses“) со волшебничката Алиса Милано и изгубената Јунјин Ким е верна адаптација на истоимената британска серија. Во „Љубовници“ следиме четири успешни, еманципирани пријателки, чии животи се зачинети со многу секс, романтика и интриги. Иако имаат различни темпераменти, нивното пријателство секогаш им помага да се извлечат од неволјите.

Не потценувај ја Џордан/Crossing Jordan

Време на пристигнување: Сите шест сезони пристигнуваат во јануари

Американската криминалистичка серија „Не потценувај ја Џордан“ /Crossing Jordan има вкупно 117 епизоди во кои ја гледаме Џил Хенеси во улогата на лекарката Џордан Кевано, форензичарка која решава злосторства. Интересен детаљ: серијата се одвива во истиот фиктивен универзум како и серијата „Лас Вегас“. Во четвртата сезона, во епизодата со име „Што се случува во Вегас умира во Бостон“, Џордан и Вуди одат да решат едно злосторство во Вегас каде што Вуди развива однос со Сем Маркез (Ванеса Марсил), па и Сем се појавува во две епизоди од „Не потценувај ја Џордан“.

Мистериите на Аурора Тигарден/Aurora Teagarden Mysteries

Време на пристигнување: Серијалот од девет филмови на Pickbox пристигнува на 31.1.

Деветте таинствени филмови се засноваат на крими-серијалот од писателката Шарлејн Херис. Во главната улога се наоѓа Кендис Камерон Бур во улогата на Аурора (Рои) Тиргарден, млада библиотекарка која е членка на „Клубот на вистински убиства“, група од 12 ентузијасти кои се собираат секој месец за да ги проучуваат нерешените злосторства во гратчето Лоренстон.