Црни вдовици

Нова црно-хумористична нордиска крими-серија

Нордиската крими-комедија “Црни вдовици“(Black Widows) е нов сериски деликатес на Pickbox NOW! Двете сезони од „Црни вдовици“, опишани како мрачни и црно-хумористични, може да се гледаат веднаш на домашниот стриминг сервис. Во главните улоги се актерки од различни делови на скандинавскиот регион – Норвежанката Синеве НЕкоди Лунд, Швеѓанката Сесилија Форш и Данката Беате Биле.

ЗА ШТО СЕ РАБОТИ?

Мрачната и црно-хумористична крими-серија ги следи животите на три пријателки кои не се среќни во бракот, а тој проблем одлучуваат да го решат така што ќе се договорат да ги убијат своите сопрузи. Нивните сопрузи се колеги од работа, па трите брачни парови заедно одат на одмор во викендицата во Норвешка. Кога сопрузите заминуваат на риболов со бродот, бродот одеднаш експлодира. Да, нивните жени ги креваат во воздух.

Среќни се што го постигнале она што го сакаат, мислејќи дека ја добиле својата слобода, очекуваат дека остатокот од животот ќе го поминат во мир и тишина. Се разбира, ништо не се одвива онака како што си замислиле.

Во нивниот живот влегува шведскиот полицаец Фолке Лундгрен и норвешкиот детектив Петер Весело кои започнуваат интернационална истрага. Доказите упатуваат дека експлозијата не била само несреќен случај, поради што лудите протагонисти кои само сакаа мир и тишина одеднаш се наоѓаат во светот на лагите и криминалот.

НОРДИСКА СОРАБОТКА

“Црни вдовици“ римејк е финска серија Mustat lesket, и е вистинска норидска соработка – продукцискиот тим претежно е фински, серијата е снимана во Финска, а актерите и режисерите се од скандинавското подрачје, Данска, Норвешка и Шведска.

Двете сезони на оваа забавна, мрачна, мистериозна црно-хумористична крими-серидја “Црни вдовици“ (Black Widows) гледајте ја на Pickbox NOW!