Филмски класици на Pickbox NOW

Филмските класици на Pickbox NOW ќе ги израдуваат сите оние што сакаат квалитетни филмови кои имаат некоја посебна магија.

Би се осмелиле да кажеме – такви филмови веќе не се прават! Потсетете се на култните ликови што ја создаваа филмската култура, а и до денешен ден се реномирани актери (за некои ова беа почетоците!).

Shawshank Redemption 

Бегство од Шошенк (Shawshank Redemption) е најдобро оценетиот филм во историјата на веб-страницата Imdb. Тој бил номиниран за седум Оскари, но не освоил ниту еден, што од денешна перспектива изгледа неверојатно. Приказната се врти околу затворскиот живот на Енди Дуфресни откако е осуден за убиство на неговата сопруга и нејзиниот љубовник.

Оваа затворска драма од режисерот и сценарист Френк Дарабонт од 1994 година, со Тим Робинс и Морган Фримен во главните улоги, е едно од најдобрите филмски остварувања на сите времиња.

A Bronx Tale

Приказна од Бронкс (A Bronx Tale) е режисерско дерби и култен филм на Роберт Де Ниро од 1993 година. По овој филм, Де Ниро не режираше цели тринаесет години.

Приказната се одвива во Њујорк во 1960-тата година, а заплетот почнува кога малиот Калоџеро (Френсис Капра) е сведок на едно убиство на улица, извршено од страна на локалниот мафијаш Сони (Чез Палминтери).

The Quiet American

Молчаливиот Американец (The Quiet American)е снимен според бестселер романот на британскиот писател Греам Грин. Во главните улоги се Мајкл Кејн, Брендан Фрејзер и До Ти Хај Јен, а Мајкл Кејн е номиниран за Оскар за најдобар актер.

Приказната се врти околу еден љубовен триаголник во кој се нашле еден млад наивен Американец, еден циничен стар Британец и една млада Виетнамка, за време на Првата индокинеска војна во 1952 година.

Nurse Betty

Болничарката Бети (Nurse Betty) е црна комедија со Рене Зелвегер, Морган Фримен и Крис Рок во главните улоги. За улогата на болничарката Бети, Рени Зелвегер освои Златен глобус, а филмот е награден и во Кан за најдобро сценарио.

Дејствието се врти околу Бети, келнерка во еден мал град, која обожава сапунски серии. Додека гледа една епизода од својата омилена емисија, нејзиниот сопруг го застрелуваат пред нејзините очи. Поради траумата, Бети влегува во налудничава состојба и станува „болничарката Бети“, изгубената љубов на главниот лик од серијата д-р Равел, кому е решена да му се врати.

Mighty Aphrodite

Моќната Афродита (Mighty Aphrodita) е американска комедија од 1995 година од легендарниот режисер, сценарист и актер Вуди Ален. Заедно со Ален, актерската екипа ја сочинуваат Мира Сорвино која за оваа улога доби многубројни награди – вклучувајќи Златен глобус, Хелена Бонам Картер, Мајкл Рапапорт и Ф. Мари.

Приказната се врти околу Лени Вајнриб (Вуди Ален) кој ја бара биолошката мајка на својот посвоен син кој е генијалец. Дознава дека се работи за проститутката Линда Еш (Мира Сорвино).

Celebrity

Уште еден филм од генијалниот Вуди Ален кој може да се гледа на Pickbox NOW е комедијата Славни (Celebrity). Во него играат плејада од актерски ѕвезди – Винова Рајдер, Леонардо Дикаприо, Шарлиз Терон и бројни други.

Приказната се врти околу различните животни патишта на еден пар кој потоа се разделува. Го следиме новинарот Ли Сајмон (Кенет Брана) задолжен за една трач-рубрика за славните. Ли не очекува премногу возбуда, но набргу се наоѓа среде една незаборавна приказна за дивата страна на славата и богатството. Неговата поранешна жена Робин (Џуди Дејвис) се вработува во телевизија и оди по сосема поинаков пат.