Труењата во Солзбери (The Salisbury Poisonings)

Премиера на британската серија заснована врз вистинити настани

Британската криминалистичка серија Труењата во Солзбери (The Salisbury Poisonings, 2020.) е нова серија на Pickbox NOW која ќе ја има својата премиера на 3 август.

ВИСТИНИТИ НАСТАНИ СО ТРУЕЊЕ

Оваа мини-серија се состои од четири епизоди и се заснова врз вистинитите настани што се случиле пред две години. На 4 март 2018 година, итната помош примила повик поради Сергеј и Јулија Скрипаљ, кои се најдени во несвесна состојба на една клупа во паркот во Салисбери. Иако минувачите мислеле дека можеби се наркомани, излегло дека таткото и ќерката всушност биле затруени. Се работело за рускиот отров по име новичок, што во превод од руски значи новодојденец.

ПАРАЛЕЛА СО КРИЗАТА СО БОЛЕСТА КОВИД-19

На целиот град му се заканувала зараза, а критичарите повлекоа паралела со сегашната состојба со болеста КОВИД-19 и со ситуацијата во која се наоѓа целиот свет. Иако не се работи за биолошки вирус, туку за смртоносен синтетички токсин, стратегијата за откривање и сузбивање на епидемијата е целосно иста. И покрај тие сличности, начинот на кој реагирале властите тогаш и сега значително се разликува. Способната британска власт брзо и ефикасно спровела стратегии, донесла ред и го ограничила страдањето.

Баш тоа е во фокусот на новата серија Труењата во Солзбери, која и покрај шпионскиот аспект, најмногу се занимава со напорите да се заштитат невините и да се спасат десетина илјади заразени. Исто така, се работи за реакциите на обичните луѓе кои се соочени со неверојатни ситуации. Тие можат да нé инспирираат во денешно време, покажувајќи ни храброст и способност за справување со тешките ситуации.

Британската мини-серија Труењата во Солзберипрвпат е прикажана на Би-Би-Си во јуни 2020 година, а сега може да ја гледате целосната серија на Pickbox NOW, премиерно, од 3 август.