Третата и последна сезона од канадската серија

Мери убива луѓе

Третата и последна сезона од канадската серија „Мери убива луѓе“ (Mary Kills People) премиерно пристигнува секој понеделник на Pickbox NOW. Последното поглавје ни носи шест епизоди и конфликтен избор помеѓу животот и смртта.

Возбудлива, шокантна и емотивна, последната сезона ги надмина сите очекувања. Ако сѐ уште не сте почнале да ја гледате серијата, фрлете око на 5 причини зошто вреди да се изгледа.

ШТО НЀ ОЧЕКУВА ВО НОВАТА СЕЗОНА

Две нови актерки се придружија во третата сезона – канадската актерка Елизабет Сондерс (It, Orphan Black) е медицинска сестра во болницата во која Мери порано работела. Има своја лична агенда и поглед на смртта, што многу ќе ѝ го искомплицира животот на Мери.

Тука е и актерката Рејчел Анчерил (Star Trek: Discovery), новата пациентка во болницата на Мери, со желба да живее уште малку пред смртта.

По шокантното финале на втората сезона, инспекторот Бен Весли (ЏејРајан) ја изгубил работата во полицијата, а д-р Мери Харис (КеролајнДаверна) и нејзиниот партнер д-р Дезмонд „Дез“ Бенет (РичардШорт) се обидуваат да ги разрешат компликациите што настанале околу нивната нова болница, со пригодно име „Кај Џои“. За работите да станат уште покомплицирани, Мери е бремена од Бен и почнува да чувствува сѐ повеќе последици поради своите одлуки.

НОВИ ЕПИЗОДИ ВО ПОНЕДЕЛНИК

Новите епизоди од третата сезона се прикажуваат во понеделник на Pickbox NOW – придружете ѝ се на д-р Мери Херис во шокантната и емотивна последна сезона и позанимавајте се со интересната табу тема – потпомогнато самоубиство!