ТОП 6 романтични божиќни филмови

Божиќот на Пепелашка...

Има нешто волшебно во божиќните празници што го прави цел декември толку романтичен. Посебната романтична атмосфера ја создаваат божиќните филмови кои се идеални за гледање во двојка.

Pickbox NOW во декември ни прикажува еден куп божиќни филмови, а ние ви носиме листа од топ шест романтични филмови. Уживајте во романтичната атмосфера и потсетете се дека во ова волшебно божиќно време сѐ е можно, па така и среќното вљубување!

  1. БОЖИЌОТ НА ПЕПЕЛАШКА (A CINDERELLA CHRISTMAS)

Современата адаптација на оваа класична бајка ќе ве воодушеви со романтичната божиќна атмосфера. Главниот лик е Енџи, која многу работи и се труди во компанијата на својот вујко, но нејзината братучетка Кендас ги презема сите заслуги. Кога Енџи зема слободен ден за да оди на божиќниот бал, маската и фустанот ќе ѝ овозможат да се опушти и да се забавува. За време на балот, нејзе ја бендисува богатиот ерген Николас. Пред да го открие својот идентитет, Енџи го напушта балот и го остава Николас да ја бара таинствената жена.

  1. БОЖИЌНА ВИКЕНДИЧКА (THE CHRISTMAS COTTAGE)

Легендата вели: „Секоја двојка што ќе ја помине ноќта во божиќна колиба ќе има вечна љубов“. Сепак, Лејси Квин не верува во бајки, ниту пак верува во легендата за божиќната колиба. Како кума на својата најдобра пријателка Ава, има обврска да ја декорира колибата за нововенчаните. Тоа изгледа како едноставна задача, но не сметала на помошта од сексапилниот Ијан Калахан, братот на невестата. Ноќта помината во романтично опкружување, додека надвор беснее бура, кај Лејси буди сомнеж дали бајките може навистина да се остварат.

  1. СОВРШЕН БОЖИЌ (A PERFECT CHRISTMAS)

Божиќната романтична комедија се врти околу еден тазе венчан пар, Синтија и Стив, кој го планира својот прв заеднички Божик. Тие сакаат сѐ да помине совршено затоа што во посета им доаѓаат роднините, но Синтија дознава дека е трудна пред тоа да го испланираат, а Стив ненадејно добива отказ. Двојката одлучува сите овие големи новини да ги скрие од семејството.

  1. РАЗВОД НА БОЖИЌ (MISS ME THIS CHRISTMAS)

ДОСТАПНO OД 19.12. | Нетипичната романтична комедија се врти околу разводот. На Денот на благодарноста, Реџина и Френклин одлучуваат да се разведат. Додека се наближува Божик, Реџина престојува во истиот хотел каде што се венчале. Таа започнува страсна романса со ексцентричниот милионер Џулисиз и се обидува да се помири со крајот на својот брак.

  1. МОЈАТА БОЖИЌНА ЉУБОВ (MY CHRISTMAS LOVE)

Непоправливата романтичарка Синтија верува во вечна љубов, но изгледа дека никогаш вистински не му дала шанса на ниту еден маж. Баш пред Божик, таа почнува да добива подароци од еден таинствен човек. Таа се обидува да открие кој е тој, надевајќи се дека баш тој би можел да биде вистинскиот.

  1. КРАЛСКИ БОЖИЌЕН БАЛ (A ROYAL CHRISTMAS BALL)

Неверојатната божиќна кралска приказна се врти околу кралот Чарлс, 39-годишен ерген кој нема придружба за божиќниот бал. Тој се сеќава на симпатијата од времето кога студирал во Америка и набргу ја наоѓа. Таа никогаш не се омажила, но ја одгледала својата 17-годишна ќерка која би можела да му биде ќерка и принцеза на неговото кралство.

Сите божиќни филмови побарајте ги на Pickbox NOW, заљубете се и присетете се дека и во текот на овој волшебен период од годината, навистина сѐ е можно!