ТОП 6 европски серии

Француските, британските, ирските и норвешките серии

Новите европски серии зрачат со оригиналност и иновативни решенија во светот на телевизијата. Француските, британските, ирските и норвешките серии создадени во 2018 и 2019 година се прикажуваат на Pickbox NOW и ќе го задоволат вкусот на гледачите за квалитетни серии. Ви ја носиме ТОП листата на 5 европски серии на Pickbox NOW!

  1. КРВ (BLOOD) (2018)

Крв е нова ирска криминалистичка серија. Окарактеризирана е како психолошки трилер и ирски ноар и се занимава со закопаните семејни тајни, сеќавања и влијанието на минатото во сегашноста. Во главната улога е Каролина Мејн (Unforgotten) која ја толкува улогата на Кет. Во последните 10 години, Кет живее во Даблин, но се враќа во малото ирско место во кое пораснала. Адријан Данбар (Line of Duty) е одличен во улогата на таткото на Кет, Џим, за кого Кет се сомнева дека има врска со убиството на неговата мајка. Данбар тукушто ја освои титулата за најдобар актер на „TV Choice Awards“ за серијата На должност (Line of Duty) која исто така може да ја гледате на Pickbox NOW.

  1. ЦРВЕНИ СЕНКИ (LES OMBRES ROUGES) (2019)

Француската криминалистичка серија Црвени сенки ја следи приказната за мистеријата околу едно исчезнато девојче. Во 1993 година, 5-годишната Клара е киднапирана, а за нејзино враќање, киднаперите барале многу висок откуп. За време на примопредавањето на парите дошло до крвопролевање, а мајката на Клара загинала, додека Клара исчезнала без трага. 25 години подоцна, постарата сестра на Клара наоѓа траги што докажуваат дека Клара е жива.

  1. ИЗМАМА (CHEAT) (2019)

Возбудливата британска психолошка трилер серија Измамничка се заснова врз опасниот однос меѓу универзитетската професорка Ли и нејзината студентка Роуз. Во главните улоги се одличните британски актерки Кетрин Кели (Happy Valley, The Night Manager) како универзитетската професорка Ли, како и Моли Виндзор (Three Girls) во улогата на студентката Роуз. Професорката ја обвинува студентката за измами, но тоа што требало да биде чист случај на академска измама набргу излегува од контрола. Овој трилер е вистинска игра на мачка и глушец или подобро речено, на мачка и мачка, во кој навистина ќе уживате!

  1. ВИСТИНГ (WISTING) (2019)

Дејствието на норвешката криминалистичка серија Вистинг (Wisting) се одвива во прекрасните пејзажи на Норвешка и се заснова врз бестселерите The Caveman & The Hunting Dogs од норвешкиот автор Јорн Лиер Хорст. Го следиме детективот Вилијам Вистинг (Свен Нордин) кој се фаќа во костец со најпредизвикувачкиот и најшокантниот случај во својата кариера – тој лови еден американски сериски убиец што живее во Норвешка. Вистинг соработува со поранешната специјална агентка на ФБИ, Меги Грифин, која ја толкува одличната Кери-Ен Мос (The Matrix). Одвивајќи се во норвешките пејзажи, прикажувајќи ни го ловот по злобниот сериски убиец, серијата Wisting претставува вистински криминалистички деликатес.

  1. БАТИСТ (BAPTISTE) (2019)

Британската детективска серија Батист (Baptiste) е изведена од британската драмска серија The Missing. Во серијата следиме еден од централните ликови од серијата The Missing, детективот Џулиен Батист кого го глуми феноменалниот француски актер со турско потекло Чеки Карјо. Кога Џулиен и неговата сопруга се селат во Амстердам, шефицата на полицијата и поранешна девојка на Батист, бара негова помош околу решавањето на злосторството. Батист набргу почнува да работи на случај кој вклучува трговија со секс, дрога, па дури и луѓе.

  1. СТРАНЦИ (STRANGERS) (2019)

Од продуцентите на серијата The Missing, Хери и Џек Вилијамс кои го напишаа и сценариото, доаѓа одличната британска криминалистичка серија Странци. Актерот Џон Сим (Dr. Who, 24 Hour Party People) го игра универзитетскиот професор Џона Малреј, чијшто живот се превртува наопаку кога дознава дека неговата сопруга, Меган загинала во сообраќајна несреќа на еден планински пат во близина на Хонгконг. Џона седнува во авион за Хонгконг и оди да го идентификува телото. Сам, во целосно нова и непозната средина, опкружен со локални полицајци кои работат премногу за премалку пари, Џона открива дека несреќата воопшто не е таква каква што изгледа.