Тајна (The Secret)

Нова мини-серија според вистинит настан

Биографската криминалистичка драма Тајната (The Secret) е нова мини-серија од четири епизоди и целата е достапна на Pickbox NOW од 2.10. Вознемирувачка и необична, таа се темели на новинарскиот осврт на новинарот Дерика Хендерсон Let This Be Our Secret, за едно двојно убиство.

СЕ ТЕМЕЛИ ВРЗ ВИСТИНИТ НАСТАН

Оваа мини-серија ја раскажува приказната за убиството на Лесли Хауел и Констабл Тревор Бјукенон, чии тела се најдени во еден запален автомобил во гаража во Северна Ирска, во 1991 година. Првичното мислење е дека се работело за самоубиства. Во заднината се крие неверојатен заговор, а животите на двете семејства засекогаш се променети.




ОДЛИЧНА АКТЕРСКА ПОСТАВА

Во главните улоги се наоѓаат Џејмс Несбит (The Missing) кој ја толкува улогата на познатиот забар Колин Хауел кој станува убиец заедно со професорката Хејзел Бјукенон што ја игра Жанвив ОРајли (Star Wars: Episode III – Revenge of the Sith, Rogue One).

Улогата на Несбит на Колин Хауел како „обичен“ човек однадвор, а всушност многу злобна и растроена личност, остава чувство на морници. Особено квалитетна и брилијантно напишана, оваа мини-серија ја раскажува бруталната приказна на сочувствителен начин.

ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ КРИМИНАЛИСТИЧКИ СЕРИИ СПОРЕД ВИСТИНИТ НАСТАН

Една од најдобрите криминалистички серии што се засноваат врз вистинит настан. The Secret е номинирана за најдобра драмска мини-серија на наградите БАФТА и на The Broadcast Awards. Добитничка е на наградата на Royal Television Society за најдобра драма во Северна Ирска.

Целата мини-серија Тајна (The Secret )гледајте ја од 2.10. на Pickbox NOW!