Татко и син (Otac i sin)

Се што треба да знаете за новиот “ситком“ кој стигна на Pickbox

Хумористичната серија Татко и син (Otac i sin) настанала според речиси истоимената претстава Татко и син со Златан Зухриќ Зухра и Тина Седлар во главните улоги. Првата сезона има 10 епизоди, а во центарот на вниманието се урнебесните татко и син. Серијата на духовит начин го прикажува генерацискиот јаз помеѓу еден татко и еден син, а талентираните актери и комичари Тин и Зухра ќе ве воодушеват веднаш.

УРНЕБЕСНОТО ДЕЈСТВО ПРОИЗЛЕГУВА ОД СЕКОЈДНЕВИЕТО

Таткото Марко (Златан Зухриќ Зухра) и синот Жарко (Тин Седлар), кој тукушто наполнил 18 години, за првпат во животот почнуваат да живеат сами, а тоа и на двајцата ќе им биде шок, но е и извор на еден духовит соживот.

Со оглед на тоа што таткото Марко бил трговски патник, тој во детството на својот син нема многу учествувано. Но сега, кога е самохран невработен татко кој живее со својот син, сето тоа се променува. Иако тој многу сериозно ја сфаќа својата нова улога и се обидува да најде работа, синот Жарко, како 18-годишник, сам со себе носи луди ситуации. Таткото првпат се среќава со животниот стил на својот син, а тоа ќе доведе до урнебесни ситуации.

Синот, секако, сосема е незаинтересиран за советите на татко му и се обидува непречено да ја живее својата неодамна стекната слобода како полнолетно лице. Кој има време да слуша животни совети кога надвор има толку многу живот, девојки, излегувања? „Зухра е многу добар во импровизирањето и додавањето материјали, па секогаш е забавно кога некои работи ќе ги договориме пред снимањето на определена сцена, а потоа, за време на снимањето, Зухра оди во малку поинаква насока, па морам да го поправам“, вели згодниот актер Тин Седлар за својот татко во серијата.

ЗАБАВА И НА СНИМАЊЕТО

Првата сезона ја снимија за само 15 дена, а снимањето се одвиваше во Загреб. За забавната атмосфера на снимањето, Тин вели: „Во една епизода морав да го играм синот додека е во пијана состојба и во даркерско издание. Договорот беше да бидам самоуверен и во разговорот со татко ми да бидам директен и малку безобразен. Меѓутоа, малку се подзаборавив, па почнав да го навредувам, веројатно повеќе отколку што очекуваше, па таа сцена моравме да ја повторуваме повеќе пати затоа што и екипата зад камерата постојано се смееше и беше тешко на првото снимање. И на четвртото снимање.“

На Зухра исто така му беше забавно. „Морав да ја играм девојката со која синот оди на состанок, па ме шминкаа и ми ја чешлаа периката, а јас цело време зборував со женски глас и се подготвував за улогата, па на шминкерката ѝ беше тешко да си ја заврши работата“.

Комплетната прва сезона на урнебесната хумористична серија Татко и син гледајте ја веднаш на Pickbox!