Спаси ме

5 причини зошто да ја гледате новата британска криминалистичка серија

Оригинална, мистериозна и напната, новата серија Спаси ме (Save Me) со Лени Џејмс во главната улога е вистинско уживање. Целосната прва сезона е достапна на Pickbox NOW, а ние ви претставуваме 5 причини за да ја гледате новата британска криминалистичка серија.

  1. НАГРАДЕНА Е ЗА НАЈДОБРА СЕРИЈА ВО 2019 Г.

Спаси ме е прогласена за драмска серија на 2019 г. и ја има освоено наградата на „Ројал телевижан сосаети“ (Royal Television Society). Освен тоа, има добиено толку добри критики, што веднаш нарачале и втора сезона, која се снима во моментов.

  1. ЛЕНИ ЏЕЈМС Е АВТОР НА СЕРИЈАТА И ЈА ТОЛКУВА ГЛАВНАТА УЛОГА

Автор, сценарист, режисер и актер, кој ја игра главната улога на оваа моќна и напната серија во шест дела, е популарниот Лени Џејмс (Line of Duty, The Walking Dead, Fear the Walking Dead). Освен тоа што е прогласена за најдобра серија на 2019 г., и Лени ја освои наградата за најдобар сценарист.

  1. ИНТЕЛИГЕНТНА Е

Спаси ме на интелигентен начин ги поврзува спротивностите што му се својствени на животот – серијата изобилува со мистерии, конфликти, хумор, болка и насилство. Приказната се врти околу главната мистерија, но има повеќе слоеви, а секој слој ја замрсува интригата.

  1. МИСТЕРИОЗНА Е И НАПНАТА

Лени Џејмс го игра Нелсон Роу, познат како Нели, комплексен, ексцентричен човек, кој е љубител на чашката, но има добро срце – им помага на соседите и за секого има насмевка на лицето. Животот му станува мешаница кога мистериозно исчезнува отуѓената ќерка Џоди, а тој станува еден од осомничените за киднапирање на ќерката, која речиси никогаш не ја ни видел. Трга во потрага по исчезната ќерка и не попушта пред ништо за да дојде до вистината.

  1. ЦЕЛАТА ПРВА СЕЗОНА Е НА PICKBOX NOW

Без оглед дали гледате повеќе епизоди наеднаш или по една епизода неделно на Pickbox NOW, може сами да решите кога ќе ги гледате сериите и филмовите.

Тоа важи и за новата британска серија на Лени Џејмс – целата прва сезона на интелигентната и оригинална криминалистичка серија Спаси ме ја има на Pickbox NOW!