Моќ и Најдете го Шорти

Нови епизоди секој понеделник

МЕРИ Џ. БЛИЏ ВО ПОСЛЕДНАТА СЕЗОНА НА МОЌ

Шестата сезона од гламурозната криминалистичка серија Моќ (Power) од продуцентот Фифти Сент конечно пристигна, а новите епизоди ќе бидат достапни секој понеделник. Шестата сезона воедно е и последна и го носи името „Последното предавство“. Поделена е во два дела и има вкупно 15 епизоди – последните 5 епизоди ќе ги гледаме во јануари.

Сочна вест пристигнува во последната сезона– во неа ќе ја гледаме Мери Џ. Блиџ! За својата улога во серијата „Моќ“, таа рече:Познавам многу Таши и многу Духови. Сум била во врска со многу Духови. Голема обожавателка на серијата сум и благодарна сум што можам да бидам дел од неа.“

Создавачите на серијата Кортни Кемп и Кертис „Фифти Сент“ Џексон создадоа свет полн со комплексни и динамични ликови кои ја носат гламурозната атмосфера на оваа криминалистичка серија полна со непредвидливи пресврти.

Фифти Сент ја толкуваше улогата на дилерот Кејнан кој загинува во петтата сезона. Затоа Фифти Сент во шестата сезона првпат се појавува во улогата на режисер – ја режираше третата епизода за која вели дека има „некои од најдивите сцени во серијата Моќ“.

ФАТЕТЕ ГО МАЛИОТ (GET SHORTY)– КАКО ДА ПРЕСТАНЕТЕ ДА БИДЕТЕ УБИЕЦ И ДА СНИМИТЕ ФИЛМ

Третата сезона на мрачната криминалистичка серија „Фатете го малиот“ (Get Shorty) премиерно ќе се прикажува секој понеделник на Pickbox NOW. Серијата се заснова на популарниот роман од Елмор Леонард, а новата сезона се состои од 7 епизоди. Во главните улоги се феноменалните Крис ОДауд и Реј Романо.

Приказната го следи Мајлс (Крис О’Дауд) – криминалец и убиец кој се обидува да ја промени професијата и да стане филмски продуцент. Во тоа му помага закоравениот филмаџија Рик (Реј Романо). На крајот од втората сезона, Дали сé уште балансира помеѓу своето криминално минато и амбицијата да успее во Холивуд, а Рик престанува да биде озвучен и да соработува со ФБИ. Како ќе се одигра тоа, ќе гледаме во новата сезона. Мајлс не се откажува од својот сон – дури ни затворот од којшто неодамна излегол нема да го спречи да се обиде да најде начини како да сними филм.

Премиерите на гламурозната криминалистичка серија Моќ (Power) и на мрачната криминалистичка комедија Фатете го малиот (Get Shorty) гледајте ги во понеделник на Pickbox NOW!