Скот и Бејли (Scott & Bailey):

Комплетната британска детективска серија пристигна на Pickbox NOW

Возбудливата британска детективска серија Скот и Бејли (Scott & Bailey) од 7 септември може да се гледа во целост на Pickbox NOW! Од наградуваната сценаристка Сали Вејнрајт, во главните улоги ги гледаме  Суран Џонс (Спаси ме)  и Лесли Шарп (Afterlife, The Full Monty)  како детективки во Манчестер.

СПОРЕД ИДЕЈАТА НА ГЛАВНИТЕ АКТЕРКИ

Оваа британска серија со дејствие во Манчестер потекнала од идејата на двете главни актерки, Суран Џонс и Лесли Шарп, додека пиеле вино во паб. Тие две заклучиле дека жените треба да имаат повеќе различни улоги, не само „нечија сопруга, нечија мајка или нечија љубовница“ и дошле до идеја за две британски детективки.

СТВАРНОСТА Е МНОГУ ПОИНТЕРЕСНА

Поранешна детективка на полицијата на Манчестер, Даен Тејлор, ѝ помогнала на сценаристката Сали Вејнрајт да осмисли најдобра можна серија според идејата на двете актерки. Тејлор рекла дека полициските серии честопати се полни не само со технички грешки, туку и со погрешно претставување на однесувањето на полицајците. „Да плачеа и да се опиваа по секој труп, полицајците не би издржале ни две недели на работа“ – рекла Тејлор.

„Стварноста е многу поинтересна. Можев да извлечам илјадници случаи само од мојата глава, за кои луѓето би рекле дека не се случиле. На луѓето им е треба драма, затоа што не би поверувале на стварноста“, истакнала поранешната детективка Даен Тејлор.

ГОЛЕМА ГЛЕДАНОСТ И ПОЗИТИВНИ КРИТИКИ

Со висока оценка од 8,0 на iMDb, детективската серија  Скот и Бејли  може да се пофали со бројка од речиси 10 милиони гледачи по епизода.

Критичарите ја пофалија одличната глума што ќе ве остави без здив, а серијата ја опишаа како „импресивна драма“. Згора на тоа, серијата беше номинирана за награда БАФТА за најдобра драмска серија во 2012 и 2013 година.

Гледајте ги сите пет сезони од возбудливата британска детективска серија  Скот и Бејли  веднаш на Pickbox NOW!