Сива зона (Greyzone)

три работи што треба да ги знаете за напрегнатата скандинавска серија

Напрегнатата шведско-данска трилер серија „Сива зона“ (Greyzone) на 25 февруари пристигнува на Пикбокс! Новата и возбудлива скандинавска серија произлезе од соработката меѓу Шведска и Данска, таа ги преминува границите на жанрот „сканди ноар“ и ја обработува темата тероризам, а ќе гледаме 10 епизоди по 45 минути. Ова се трите најважни работи што треба да ги знаете за новата серија:

  1. Повеќе од „сканди ноар“

„Сива зона“ е серија од новиот бран дански драмски серии кои го пробија патот надвор од рамките на жанрот „сканди ноар“. Секако, таа му припаѓа на жанрот по кој е позната Скандинавија. „Сива зона“ има мрачна атмосфера, неизвесна приказна и комплексни ликови, но е надополнета од возбудливи моменти на трилер поради кои нема да можете да престанете да ја гледате.

  1. Одлична актерска екипа

Во „Сива зона“ ќе ја гледаме харизматичната данска актерка Бриџит Хјорт Соренсен, позната по улогата во серијата „Игра на тронови“ („Game of Thrones). Соренсен ја игра Викторија Рабек, инженерка која развила таков дрон кој би можел да ги полева посевите во земји од третиот свет, но потенцијално може да се користи и за воени цели.

Покрај Соренсен, во серијата голема улога има и шведската актерка и режисерка Тов Магнусон, која ја игра специјалната агентка Ева Форсберг. Нејзин партнер во серијата е данскиот актер Јоаким Фелструп, а покрај нив ќе го гледаме и шведскиот актер Јохан Рабеус познат од „Начин“ (Modus).

  1. Напрегнато дејство во повеќе држави

Уште од првата епизода ќе се навлечете на оваа скандинавска приказна која се одвива во повеќе држави. Специјалната агентка на шведската тајна служба Ева Форсберг ја следи трагата на еден исчезнат возач во чиј камион е пронајдена боева глава, а тој камион пристигнува во Копенхаген. Од друга страна, инженерката Викторија Рабек се враќа во својот стан во Копенхаген по успешна презентација на деловен настан. Но, штом ќе стигне, неа ја грабнуваат. Се чини дека грабнувањето е поврзано со интернационална терористичка ќелија која е вмешана во кражбата на боевата глава.

Како ќе се развие оваа напрегната приказна гледајте на 25 февруари само на Пикбокс!