Серии за добро расположение на Pickbox NOW

Pickbox NOW има еден куп разни серии и филмови од американската и европската продукција, а сега за вас избравме неколку серии за добро расположение кои ќе ве разведрат.

Вистинско време е за тоа – доаѓа пролетта, а ние мораме да го спасуваме светот од кауч! Затоа нурнете се во сериите за добро расположение и забавувајте се со Књаз и Поаро, како и со британските и американските комедии.

Легендарниот Књаз

„Серијалот Најголемите светски забави (Najveće svjetske fešte) прикажува 19 најголеми, најлуди светски забави, и тоа е серијал полн со оптимизам, радост, позитивни чувства, а тоа секогаш, како и во овие денови на корона, на сите нам ни треба“, изјави легендарниот сценарист, режисер и водител Роберт Књаз по повод соработката со Pickbox NOW.

Во фалениот серијал на Књаз Хрватските великани (Hrvatski velikani) ќе дознаете кој ги создал зборовите сладолед и носорог, кого го нарекуваат хрватскиот Микеланџело и уште многу интересни и вистинити факти за хрватските великани! Во текот на двете сезони, на забавен начин ќе дознаете многубројни интересни работи за великаните како што се Никола Тесла, Иван Мажураниќ и Ивана БрлиќМажураниќ, Ватрослав Лисински, Иван Мештровиќ, Руџер Бошковиќ и многу други.

Класика за старите добри времиња

Измислениот белгиски детектив Поаро е еден од најпознатите детективи на светот, а неверојатен е фактот дека се појавува во 33 романи и во повеќе од 50 кратки раскази од популарната писателка Агата Кристи. Во култната серија, Поаро го игра генијалниот актер Дејвид Сашет, за кого може да се каже дека го дефинираше стилот на детективот. Сите 13 сезони на британската детективска серија Поаро (Agatha Christie’s Poirot) се достапни на Pickbox NOW.

Британска и американска комедија

Враќање во живот (Back to Life)е нова британска комедија чијашто тема е излегувањето од затвор и обидот за нов почеток. Се заснова врз една необична премиса за комедија, ваков тип серија лесно би можел да биде драма. Сценариото за оваа духовита, интелигентна, забавна и по малку црна хумористична серија го напиша брилијантната  Дејзи Хагард (Episodes, Uncle) во соработка со наградуваната писателка Лора Солон. Дејзи Хагард ја толкува и главната улога на Мира.

Премисата на мрачната и забавна комедија Фатете го Шорти (Get Shorty) е многу интересна – еден платен убиец од Невада се обидува да стане славен филмски продуцент во Холивуд за да го остави криминалот зад себе и да се обиде повторно да ја добие довербата на своето семејство. Во главните улоги се Реј Романо и Крис О’Дауд, а критичарите велат дека ова е една од сериите кои мора да се изгледаат.

Опуштете се со сериите за добро расположение на Pickbox NOW и спасете го светот од кауч!