Рослунд и Хелстром: Кутија 21 (Roslund & Hellström: Box 21):

Шведската мини-серија пристигнува на Pickbox NOW

Криминалистичката серија Рослунд и Хелстром: Кутија 21 (Roslund & Hellström: Box 21) е нова шведска мини-серија која се придружува на богатата понуда од нордиски серии на Pickbox NOW. Во вкупно шест епизоди, Рослунд и Хелстром: Кутија 21ќе ве залепи за малите екрани со својата суровост, свирепост, тензии и со сложените ликови.

Серијата се заснова на бестселер криминалистичкиот роман на шведската двојка составена од новинарот Андерс Рослунд и од Борг Хелстром, основачот на организацијата за спречување на криминал, која се занимава со ресоцијализација на криминалците. За оваа успешна двојка се вели дека го спасија криминалистичкиот жанр, а нивните книги добиваат пофалби поради реалните прикази на човечката природа и интересните криминалистички приказни.

За што се работи?

Младата Романка Лидија доаѓа во Шведска во надеж за подобар живот. Врз основа на лажните ветувања, всушност таа е намамена да си замине и е принудена да се занимава со проституција во Шведска. Во потрага по одмазда, нејзината судбина се вкрстува со онаа на полицаецот Еверт Гренс, кој лови еден опасен криминалец.

Зошто да ја гледате?

Рослунд и Хелстром: Кутија 21 е серија која ќе ве прикова за екраните од почетокот до крајот. Тензиите и непријатноста растат под површината на секоја сцена, а неочекуваните разоткривања и морални компликации кај ликовите ќе ве натераат да ги преиспитате сопствените убедувања.

Нордиски серии на Pickbox NOW

На Pickbox NOW пристигнаа и норвешката криминалистичка серија Ослободен (Frikjent) и данската криминалистичка серија Дикте (Dicte).

Ослободен е приказна за Аксел Борген, норвешки бизнисмен кој во последните 20 години постигнал успех во Азија каде што отишол откако во родниот град го обвиниле за убиството на неговата девојка од средно. Сега се враќа и сфаќа дека минатото не е заборавено…

Данската серија „Дикте“ се заснова врз криминалистичките романи, а во фокусот на приказната е една храбра и тврдоглава новинарка по име Дикте Свендсен, која не се откажува од приказната сѐ додека не ги добие сите одговори. Нејзината решителност често ја води во судир со полицаецот Џон Вагнер, кој мисли дека таа е жива досада. И покрај тоа, тие двајцата успеваат да ги решат злосторствата, а патем и да се справат со предизвиците во нивните приватни животи.

Нордиските серии гледајте ги веднаш на Pickbox NOW!