Ривиера

Комплетната втора сезона на Pickbox NOW

Премиера на втората сезона на серијата Ривиера (Riviera) на Pickbox NOW, паралелно со светската премиера на серијата, ќе ги восхити сите кои сакаат да гледаат повеќе епизоди по ред. Всушност, сите епизоди од втората сезона пристигнаа одеднаш, а на Pickbox е достапна и комплетната прва сезона, така што веднаш може да се погледне целата серија !

ЏУЛИЈА СТАЈЛС ВО ГЛАВНА УЛОГА

Во новата трилер серија, главната актерка е волшебната Џулија Стајлс (Julia Stiles), која ја знаеме од филмовите „10 причини зошто те мразам,“ „Насмевката на Мона Лиза“ и многу други. Стајлс е американска кураторка Џорџина, а нејзиниот сопруг Константин е убиен во експлозија на јахта на руски олигарх и дилер на оружје. Верувајќи дека неговата смрт не е несреќен случај, таа се впушта во светот на лаги и криминал и нејзиниот живот се превртува во еден момент.

Покрај Џулија Стајлс, тука е и одличната актерска постава, кој ја сочинуваат згодниот актер Јуан Рион (Iwan Rheon – Игра на тронови), Лина Олин (Lena Olin – Чоколадо, Казанова) и Адријан Лестер (Adrian Lester – Hustle).

ПОРАНЕШНИОТ МЕНАЏЕР НА БЕНДОТ У2 ИМАЛ ИДЕЈА ЗА СЕРИЈАТА

Интересно е дека идејата за Ривиера доаѓа од поранешниот менаџер на бендот У2, Пол Мекгинис. Имено, Мекгинис има куќа на француската ривиера и сфатил дека ова е одлична основа за развој на напната серија.

Сценариото го изработи сценаристот и режисер Нил Џордан, добитник на Оскар, кој е заслужен за филмовите како „Интервју со вампирот“ и „Играчка плачка,“ како и за серијата „Борџии“.

Влезете во авантура на француската ривиера и уживајте во Џулија Стајлс во комплетните две сезони на новата трилер серија Ривиера на Pickbox NOW!