Развратник (Rake)

ново тајно задоволство

Развратник (Rake) – австралиската драмска комедија е нова серија на Pickbox NOW

Австралиската драмска комедија Развратник (Rake)е новата серија на Pickbox NOW! Вкупно пет сезони ќе бидат додадени на домашната услуга за стриминг – на 23 октомври доаѓаат првата и втората сезона, а на 6 ноември доаѓаат третата и четвртата, додека петтата и последна сезона пристигнува 13 ноември.

Во главната улога е австралискиот актер Ричард Роксберг(Van Helsing, Mission: Impossible 2)кој го игра развратникот Кливер Грин, брилијантен, но автодеструктивен адвокат.

ЗА ШТО СЕ РАБОТИ?

Адвокатот Кливер Грин (Ричард Роксберг) ги брани тие за коишто нема одбрана – од бигамистите, до човекојадците и сѐ помеѓу. Тој е херој на борбата против ветерниците, како во судницата, така и во спалната соба.

Кливер Грин е крал на спротивностите – неговата поранешна жена мисли дека е неодговорен и не може да му се верува, а син му го смета за пријател. Поротата мисли дека е урнебесен, а судиите се шокирани од неговото однесување. Ги следиме неговите луди случаи, а патем и неговиот комплициран живот полн со пороци, грешки и утки.

БРИЛИЈАНТНА СЕРИЈА, ОДЛИЧНА АКТЕРСКА ПОСТАВА

Серијата жанровски е опишана како драма и комедија, а критичарите ја опишуваат како „брилијантна“. Посебни пофалби доби целата актерска постава, со Ричард Роксберг на чело. Имено, Роксберг совршено се движи по онаа тенка граница помеѓу пристоен граѓанин кој го почитува законот и апсолутен ништожник кому сме подготвени да му ги простиме (речиси) сите глупости.

Во останатите улоги ги гледаме Расел Дајкстер во улогата на Барни, најдобриот пријател на Кливер, Даниел Кормак во улогата на сопругата на Кливер, Скарлет, со прекар Ред, Каролин Брејзер во улогата на поранешната жена на Кливер, Венди, како и Мет Деј во улогата на Дејвид, даночен обвинител кој го тужи Кливер.

Сите сезони на драмската комедија Развратник гледајте ги на Pickbox NOW!