Промоторка

Oдличната британска серија доаѓа на Pickbox NOW

Британската драмска серија Промоторка (Flack), со оскаровката Ана Пакин во главната улога, доаѓа на Pickbox NOW! Оваа одлична серија е црнохуморен приказ на една лондонска агенција за односи со јавноста, а на Pickbox NOW веднаш ќе бидат достапни двете сезони.

ЗА ШТО СЕ РАБОТИ?

Робин (Ана Пакин) е Американка што работи во лондонска агенција за пи-ар. Како стручњак за односи со јавноста, нејзината работа е да го извлече најдоброто од најлошите ситуации. Имено, таа расчистува монументални хаоси што ги предизвикуваат себичните клиенти. Иако сосема владее со својот деловен свет, губи контрола врз својот личен живот.

Корпоративниот свет на односите со јавноста е прикажан отровно, цинично и црнохуморно, а оскаровката Ана Пакин суверено владее со британскава серија.




АНА ПАКИН ВО ГЛАВНАТА УЛОГА

Американската актерка Ана Хелен Пакин доби Оскар на 11 години за најдобра споредна улога во филмот Пијано (1993), што ја прави втора најмлада актерка што ја добила најпрестижната филмска награда.

По успешната кариера во младоста, може ни е најпозната по улогата на Роуг во франшизата Икс-мен (2000-2014), за која беше номинирана за наградите Сатурн. Нејзиниот филмски опус го вклучува и најновиот филм на Мартин Скорсезе, Ирецот (2019).

Пакин ја играше главната улога и во вампирската серија Вистинска крв, а за интерпретацијата на Суки Стекхаус доби Златен глобус за најдобра актерка во драмска серија.

ВО ДРУГИТЕ УЛОГИ

Во другите улоги се Софи Оконедо (Тајниот живот на пчелите, Пеколко) како Каролина, директорката на агенцијата за ПР, Женевјев Ејнџелсон (Куќа на лаги) како Рут, сестрата на Робин, Лидија Вилсон како Ив, најдобрата пријателка на Робин и колешка во агенцијата и Аринза Кин како Сем, медицински брат и момче на Робин.

Гледајте ги веднаш двете сезони на британската драмска серија Промоторка (Flack) на Pickbox NOW!