објавено: 17 декември 2020.

Празнична магија со најмилите – филмска оаза на божиќно

задоволство на Pickbox NOW

Овие празници можеби нема снег, но не недостасува божиќен дух на Pickbox NOW! Покрај божиќната магија, уживајте во 10-те филмови што ви ги препорачуваме – секој ден по еден божиќен филм.

Распеаниот божиќен филм Божиќен дует (Spotlight Under The Mistletoe) е прекрасен за подигнување на празничниот дух. Дејството се врти околу пејачката Тес,  на која продажбата на последниот албум вртоглаво ѝ паѓа. За да си ја спаси кариерата, нејзината дискографска куќа ја присилува да сними божиќен албум со поп-ѕвездата Дерек. Отпрвин, тие двајца изгледаат како чисти спротивности – не се согласуваат околу музичките жанрови и се нервираат што мораат да работат заедно. Но, набргу работите почнуваат да се движат по сосема друг тек…

Уште еден музички проткаен божиќен филм е Песна за Божиќ  (A Song For Christmas), кој се врти околу кантри-пејачката Аделаида Кеј. Аделаида има нов хит сингл и кариерата ѝ цвета. Таа би требало да е пресреќна, но не ѝ се допаѓа што мора да глуми дека е вљубена. Покрај сето тоа, нејзиниот менаџер не сака повеќе таа самата да си ги пишува песните, што уште повеќе додава масло на огнот.

Божиќна опашка (A Christmas Tail) ќе ги развесели сите оние кои не можат да ги замислат празниците без своите омилени домашни миленици! Овој филм раскажува интересна приказна за двајца самохрани родители. Меги има проблеми на работа, момчето ја оставило, а Божиќ се наближува. Таа одлучува да му купи куче на својот син Итан. Џек е спортски новинар и самохран татко на тинејџерката Оливија. Тие двајца имаат куче, но тоа сака да бега од дома. Завршува во прифатилиште, каде што Меги го наоѓа и го посвојува.

Божиќно патешествие (Holiday Road Trip) се врти околу славното куче по име Скутс, кое оди на промотивна турнеја за Божиќ. Во негова придружба се двајца вработени од продавницата за миленици, Пет и Маја. Тие двајца се целосни спротивности – Маја работи во сметководство, амбициозна е и сака својата работа да ја претвори во супер кариера. Пет е детинест и нему работата, всушност, му претставува забава. Како ќе се снајдат на ова патување, погледнете во овој прекрасен божиќен филм.

Кралски божиќен бал (A Royal Christmas Ball) е прекрасен филм за кралот Чарлс, кој е ерген и кој ја наоѓа својата одамна загубена љубов од времето кога одел на американски колеџ. Таа никогаш не се омажила и одгледала 17-годишна ќерка која би можела да биде и негова ќерка, а со тоа и принцеза на неговото кралство во Балтамија.

Божиќ во Kаслбери Xол (Christmas at Castlebury Hall) се врти околу млада жена која патува со своите внук и внука во европски замок за божиќните празници, каде што се вљубува во прекрасен принц.

Божиќ во Палм Спрингс (Christmas in Palm Springs) е интересен и симпатичен филм во кој ги следиме Џесика и нејзиното семејство. Џесика има презентација во Палм Спрингс. Но, тука има неколку проблеми. Нејзините две деца, кои ќе сторат сè да ги смират своите родители, ѝ го хакирале мобилниот и го поканиле татко им во Палм Спрингс.

Романтичниот божиќен филм Божиќна викендичка (The Christmas Cottage) се врти околу една магична колиба. Имено, секој пар кој таму ќе ја помине ноќта, ќе се вљуби и ќе живее среќно до крајот на животот. Како кума на својата најдобра пријателка, Лејси ја уредува колибата за новопечениот брачен пар. Но, не сметала на тоа дека во таа задача ќе ѝ помогне згодниот Ејан Калахан, братот на нејзината пријателка.

Семејство за Божиќ (Family for Christmas) е интересен филм во кој Дедо Мраз ја води Хана во верзија на нејзиниот живот во којашто таа основа семејство со љубовта на својот живот Бен, со кого раскинала пред 10 години.

Во филмот Божиќен бакнеж во лифтот (Merry Kissmas) ја следиме Кајла, која е свршена за еден нарцисоиден филмски режисер и кореограф. Но, едно возење со лифт со угостителот Дастин ќе го растресе нејзиниот свет.

Сите овие филмови и уште многу други гледајте ги веднаш на Pickbox NOW и уживајте во божиќната магија.