По трагата на сеќавањето

Hова НФ серија

Две сезони од новата научно-фантастична крими серија стигнаа на Pickbox NOW. Се работи за одличната серија „По трагата на сеќавањето“ (Stitchers).  Нејзината посебност е фактот дека би можела да им се допадне дури и на оние што не се најголеми љубители на научната фантастика – серијата е проткаена со хумор, драма, романса и мистерија.

ВШИЕНА ВО МЕМОРЈАТА НА ПОЧИНАТИТЕ

Премисата на оваа НФ приказна се врти околу Кирстен Кларк (Ема Ишта), девојка што е регрутирана во владина агенција за да ја “вшијат“ во умовите на луѓето кои неодамна починале и така да ги истражат убиствата и мистериите кои инаку би останале нерешени.

Брилијантниот невронаучник д-р Камерон Гудкин (Кајл Херис), ѝ помага на Кирстен во тајната програма на чело со Меги Баптист (Сали Ричардсон-Витфилд), вешта тајна оперативка. Со нив во тајната програма се и инженерот по биоелектроника Линус Алувалија (Ритеш Раџан), како и Камил (Алисон Скалиоти), цимерка на Кирстен и студентка по информатика која е регрутирана да ѝ помогне на Кирстен.

Кирстен страда од измислено нарушување, темпорална дисплазија, состојба која ѝ оневозможува перцепција на течење на времето. Таа е особено интелигентна, но нејзината состојба ја прави социјално неприспособена – тешко ѝ е да создава емотивни врски и не е способна да ги сфати социјално прифатливите однесувања.

СÈ ШТО Е ПОТРЕБНО

Неверојатна технологија, хумор, интелигенција, генијални ликови, одлични актери и интересна приказна – што може човек да посака повеќе! Двете сезони на научно фантастичната серија По трагата на сеќавањето“  гледајте ги на Pickbox NOW!