Поминете ја Нова година со филмовите на Pickbox

Поминете го времето околу Нова година со Pickbox и гледајте ги најдобрите филмови на сите времиња.
За вас издвоивме неколку од легендарните филмски остварувања што може да ги гледате на Pickbox и да си го разубавите времето за празниците:

„Бегство од Шошенк“

„Бегство од Шошенк“ е најдобро оценетиот филм во историјата на страницата imdb, додека само малку зад него е филмот „Кум“. Оваа затворска драма од режисерот и сценарист Френк Дарабонт, снимена во 1994 година, со Тим Робинс и со Морган Фримен во главните улоги, е меѓу најдобрите филмови на сите времиња. Филмот беше номиниран за седум „Оскари“, но за жал остана во сенката на победникот од таа година, филмот „Форест Гамп“, и не освои ниту една награда. Приказната се врти околу затворскиот живот на Енди Дуфренс откако е осуден за убиството на својата сопруга и на нејзиниот љубовник.

„Името на розата“

Снимен е според истоимениот роман на Умберто Еко од 1980 година, со Шон Конери во главната улога. Дејството се одвива во средниот век, во мрачниот црковен период, во кој Конери игра монах кој со својот ученик (Кристијан Слејтер) оди во еден манастир на северот од Италија, каде што ќе се расправа за иднината на Католичката црква во која тогаш има неколку различни, меѓусебно спротивставени струи.

„Приказна од Бронкс“

Режисерското деби на Роберт де Ниро од 1993 година, по кое Де Ниро нема режирано цели тринаесет години. Приказната се одвива во Њујорк од 1960 година, а заплетот започнува кога малиот Калоџеро (Френсис Капра) е сведок на едно убиство на улица, извршено од страна на локалниот мафијаш Сони (Чез Палминтери).

Молчаливиот Американец

Филмот од 2001 година е снимен според романот на британскиот писател Греам Грин, во кој се работи за љубовен триаголник помеѓу еден млад и наивен Американец, еден циничен стар Британец и една млада Виетнамка за време на Првата индокинеска војна во 1952 година.

На Pickbox погледнете ги и другите наслови, како што се: „Болничарката Бети“, „Младиот Адам“, „Ловци на убијци“, „Алфа мажјак“, како и понудата на најдобрите божикни филмови.

Среќни празници ви посакува Pickbox!