Повик за маратонот на Pickbox NOW

Три дена, три серии, три сезони

Pickbox NOW започнува предизвик за маратонско гледање серии! Идеално е времето за маратонот на Pickbox NOW. Бидете суперхерои, гледајте серии што ќе ве воодушеват и спасете го светот од кауч.

Три дена, три серии, три сезони

Предизвикот на маратонот на Pickbox NOW започнува во петок, на 17 април, и трае до недела, 19 април. Неговиот тек ќе се следи на официјалниот Facebook профил каде што веќе е објавена најавата со повикот за гледање одлични серии од врвната британска и американска продукција, со ѕвездени актерски постави:

Петок, 17. 4. – 1. ден:  Агата Кристи: Белиот коњ (Agatha Christie – The Pale Horse) (2020 г.)

Првата серија на Pickbox NOW е предизвикувачката нова серија на Би-Би-Си и најнова адаптација на романот од популарната писателка Агата Кристи. За почеток ја даваме полесната задача. Се работи за мини-серија која има три епизоди. Во главните улоги се Руфус Сивел (The Man In the High Castle) и Кеја Сколедарио (Skins).

Дејствието се врти околу Марк Истербрук (Сивел), човекот чиешто име се наоѓа на еден таинствен список во чевелот на една мртва жена. Тој започнува истрага околу тоа како и зошто неговото име се нашло на списокот, па истрагата го води до Белиот коњ, куќата на три вештерки. Дали вештерките се виновни за убиството или постои логично објаснување?

Сабота, 18. 4. – 2. ден:  Најдете го Шорти (Get Shorty) (од 2017 г.)

Во вториот ден на предизвикот ја гледаме мрачната комедија Најдете го Шорти. Првите две сезони имаат по 10 епизоди, а третата 7. Изберете една сезона што ќе ја изгледате во еден ден, но ако сѐ уште не сте се фатиле во костец со овој црн хумор, тргнете од почеток.

Интересна серија со Крис ОДауд и Реј Романо во главните улоги. Приказната раскажува за еден платен убиец од Невада, кој се обидува да стане филмски продуцент во Холивуд. Тој сака да го остави криминалното минато зад себе и повторно да се зближи со своето семејство. Тој го запознава Рик, пропаднат продуцент на нискобуџетни филмови, кој неволно му станува партнер на убиецот (Мајлс).

Недела, 19. 4. – 3. ден Бесконечна милост (Perpetual Grace, LTD) (од 2019 г.)

Новата неоноар трилер-серија со Бен Кингсли во главната улога, е серија што се гледа на последниот ден од предизвикот. Сезоната има вкупно 10 епизоди и претставува вистинско уживање за сите кои сакаат да бинџуваат криминалистички драми со елементи на комедија. Критичарите оваа серија ја споредуваат со делата на браќата Коен, а често ја нагласуваат и нејзината визуелна естетика, која неодоливо потсетува на ноар кинематографијата од 40-тите и 50-тите.

Пол (Дејмон Хериман) е магионичар и син на пасторот Бајрон (Бен Кингсли) со кого има многу лош однос, особено затоа што неговиот татко, пасторот, презира магија. Кога Пол го запознава Џејмс, му подготвуваат пеколен план за да ги украдат парите од пасторот Бајрон, кој е преполн со пари. Парите се скриени во компанијата со име „Lady of Perpetual Grace, d. o. o.“, а верниците редовно уплаќаат сѐ повеќе. Но пасторот всушност е многу поопасен отколку што се очекува.

Дали сте подготвени? Нека започне маратонот на Pickbox NOW!