Побарај освежување во ладните скандинавски серии

Скандинавските серии се ладни и освежувачки, баш тоа што ни треба во овие жешки летни денови. На Pickbox NOW има еден куп скандинавски серии, а ние ви пишуваме за нашите две омилени норвешки серии – Ослободен (Frikjent) и Излез (Exit).

Ослободен (Frikjent), скандинавски ноар со елементи на психолошка и социолошка драма, што се одвива во студениот град Лифјорд, со прекрасни норвешки пејзажи, густи шуми и ледени езера. Ова е вистинско освежување на сцената на скандинавски серии.

Приказната се врти околу Аксел Борген, успешен деловен човек кој во последните 20 години постигнал успех во Азија. Со својата сопруга Анџела и со синот живее во Куала Лумпур.

Таму отишол откако во родниот град Лифјорд го обвиниле за убиството на поранешната девојка од средно. Сега се враќа дома, за да помогне да се спаси најголемата градска компанија на којашто ѝ се заканува банкрот. Но увидува дека минатото не е заборавено.

Ледената и освежувачка криминалистичка серија Ослободен ќе ве воодушеви со интересната приказна, заплетите и расплетите.

Норвешката драмска серија Излез не е мошне ладна во однос на локацијата, но во однос на дејствието е бескомпромисна и без влакна на јазикот. Вистинско освежување во некоја друга смисла!

Современата драма открива еден мрачен, скриен свет на хедонизам и ризик, мотивиран од здодевност, маченички емоции и желба за излез од безизлезна ситуација. Таа е инспирирана од вистинитите приказни на супербогатите и се одвива во ексклузивниот свет на богатата елита на Осло.

Серијата ги следи животите на четворица нарцисоидни, супербогати пријатели кои својот празен живот го исполнуваат со хедонизам и забави. Ненормалното богатство го трошат на забава, дроги и секс. Тие имаат сѐ, но поради тоа го губат допирот со реалноста, а нивните морални граници практично не постојат.

Излез (Exit) е една од најгледаните скандинавски серии на светот, а причината за тоа е што го открива скриениот, досега невиден свет на богатите Норвежани.

Нурнете се во ладниот и бескомпромисен свет на норвешките серии Излез и Ослободен на Pickbox NOW