Пет причини за да се гледа оваа заразна серија

Ривиера

По првото појавување на малите екрани, многумина серијата “Ривиера” (Riviera), веднаш ја нарекоа “џет-сет трилер”. Таквата многу специфична квалификација со каква ретко се среќаваат ТВ-сериите, веќе доволно зборува за посебните карактеристики на оваа серија. Драмата на оскаровецот Нил Џордан заслужено се здоби со оригиналната етика и предизвика мноштво позитивни критики. Оној кој уште не ја гледал, мора да ѝ даде шанса на серијата. Зошто? Еве пет причини.

5.Сложеноста на дејствието

Во средиштето на дејствието е американската кураторка Џорџина, која по ненадејната смрт на богатиот и моќен сопруг влегува во виор од интриги, лаги, криминал и егзистенцијални прашања. Но нејзиниот пат се одвива во две насоки: кон минатото и кон иднината. И тоа истовремено. Минатото, кое до тој несреќен момент го зема здраво за готово, ќе стане целосно  непознат и мрачен терен. Иднината, која од материјален аспект дотогаш се чини блескава и ветувачка, станува кревка, несигурна и опасна. Двете патеки се судираат сега и тука, а проблематичните односи и закани доаѓаат од сите страни.

4.Блескавоста на серијата

Естетски тешко дека на оваа серија може да ѝ се најдат замерки. Амбиентално “Ривиера” нѐ вовлекува и нѐ преселува на Азурниот Брег. На прв поглед нѐ освојува со својот гламур, раскошната сценографија, брилијантните костими. Епизодите се моќни и, едноставно, блескаат.

3.Заразност

Кога драмата ќе ја пробие надворешната блескавост, во преден план излегува непредвидливоста на приказната, поради што тешко може да се одвоите не само од екраните, туку исто така и од многубројните прашања што ја окупираат протагонистката. Приказната ја следи заднинска интрига, невидлива сенка, чие присуство се чувствува цело време. Епизодите се филмски, секоја е специфична и претставува еден фрагмент од мозаикот на интрига што се става пред гледачите.

2.Актерска екипа

Покрај вештиот и одличниот креативен тим зад камерата, тимот пред камерата ја крева оваа серија на повисоко ниво. Тука се Лена Олин (“Не заборавај ме” –Remember Me) и Ентони Лапаља (“Без трага”-Without a Trace), а тука е и генијалниот  Иван Рион, кој доаѓа од далечниот Вестерос од “Игра на тронови”. Познати професионалци кои си ја вршат својата работа исклучително добро. Сепак, вреди да се издвои една личност.

1.Џорџина-Џулија Стајлс

Иако на прв поглед ликот на Џорџина не се истакнува особено, смртта на сопругата на милијардерот ќе го преврти животот на обожавателката на уметноста. Во тој момент на виделина излегува нејзината комплексност, како и неможноста однапред да одредиме каде ќе се движи таа. Некои критичари одат чекор понатаму и ја прогласуваат за “женскиот Мајкл Корлеоне”. А ако некој заслужува таква престижна споредба, тоа е одличната Џулија Стајлс.

Гледајте ја “Ривиера” сега на Pickbox NOW!