О. Џеј: Произведено во Америка

Премиера на серијата што освои Оскар

Со Оскар наградената документарна серија О. Џеј: Произведено во Америка(O.J. Made in America) премиерно е достапна на Pickbox NOW! Се работи за популарната американска документарна мини-серија од 5 епизоди која освои Оскар во 2017 година.

ЗА ШТО СЕ РАБОТИ?

Оваа документарна мини-серија ги истражува меѓурасните односи и популарноста преку животот на О. Џ. Симпсон. Темата е животот на Симпсон, од неговата кариера во американскиот фудбал и популарноста во американската култура, до судењето за убиствата на неговата жена Никол Браун Симпсон и на Роналд Лајл Голдман, за кои е ослободен, како и судењата за грабежот во Лас Вегас 13 години подоцна, поради што е осуден и затворен.

РЕМЕК-ДЕЛО НА НОВИНАРСТВОТО И КИНЕМАТОГРАФИЈАТА

Режисерот Езра Еделман рече дека сакал да раскаже една подлабока приказна за меѓурасните односи во Америка, за градот Лос Анџелес, за односите помеѓу црнците и полицијата преку призмата на животот на О. Џ. Симпсон.

Критичарите ја опишаа оваа документарна серија како ремек-дело на истражувачкото новинарство и на кинематографијата што ја поставува приказната и го проширува контекстот на крајот од 20 век. Длабоко човечка, впечатлива, перцептивна и емпатична, едноставно ќе посакате оваа серија никогаш да не заврши.

ОСКАР ЗА НАЈДОБАР ДОКУМЕНТАРЕЦ

По одличните критики, MK О. Џеј: Произведено во Америка ја освои наградата Оскар за најдобар документарец. Ова е најдолгиот документарец што ја освоил најпрестижната филмска награда и воедно станал и последен документарец кој воопшто може да освои Оскар. Имено, една година подоцна се променети правилата за номинирањето за Оскар и мини-сериите веќе немаат можност за номинирање во категоријата документарци.

Провокативната, интелигентна и темелна документарна серија за животот на О. Џеј: Произведено во Америка гледајте ја на Pickbox NOW!