Откачена хумористична серија

Серијата Во темнината (In the Dark) ќе ве изненади со необична приказна

Комедијата со елементи на драма Во темнината (In the Dark), на Пикбокс, доаѓа на 20 мај и ќе ве изненади со својата необична приказна.

За што се работи?

Марфи (Пери Метфилд) е малку несериозна слепа девојка на свои дваесетти, која поголем дел од времето го минува под дејство на алкохол. Има само двајца пријатели: нејзината цимерка Џес (Брук Маркам) и Тајсон, тинејџер дилер кој ѝ го спасил животот во еден насилен грабеж. Марфи не си ја сака работата – работи во школата за дресирање кучиња за слепи лица „Надеж на поводник“, што ја водат нејзините родители. Згора на тоа, излегува со различни момчиња кои ѝ го прават животот разнобоен.

Но тоа е само приказната во заднина. Шетајќи го своето куче, Марфи го наоѓа мртвото тело на Тајсон кое ќе исчезне пред полицијата да стигне на самото местото. Кога ќе сфати дека полицијата не е заинтересирана за решавање на случајот, Марфи решава сама да истражи што се случило со нејзиниот пријател.

Ќе се заљубите во одличниот хумор и во главната актерка

Критичарите тврдат дека бргу ќе се заљубите во оваа откачена хумористична серија благодарение на глумата на главната актерка Пери Метфилд.

Приказната делумно се заснова на животот на Лори Бернсон која работи во школа за дресура на кучиња за слепи лица, а воедно е и советничка за развојот на серијата. Метфилд поминала многу време со Лори спремајќи се за улогата – ја набљудувала нејзината рутина, начинот на кој ги мие забите, како се спрема за спиење, како готви, и си го шета кучето. „Беше неверојатно што на тој начин можев да истражувам и што Лори беше со мене на сетот. Многу научив од неа“, рекла Пери Метфилд.

Забавувајте се со откачената Марфи, а целата прва сезона може да ја изгледате на Пикбокс уште веднаш.