Нордиската криминалистичка серија

Црни вдовици

Црни вдовици е нордиска криминалистичка серија зачинета со црн хумор. Дејствието се врти околу три пријателки кои одлучуваат да ги убијат своите мажи, така што ќе им ја кренат јахтата во воздух.

Серијата визуелно е прекрасно снимена, а снимките од едно норвешко село во близина на езерото го одземаат здивот. Од воведната сцена, кога мислиме дека жените готват, а потоа сфаќаме дека прават бомба, серијата со својот визуелен идентитет нѐ воведува во новиот луд свет на очајни жени кои сакаа да го најдат својот мир.

МОЖАТ ЛИ ДА СЕ ИЗВЛЕЧАТ СО УБИСТВО?

Можеби изгледа дека е тешко да имате симпатии кон овие три убијци, но набргу ги гледаме начините на коишто нивните сопрузи ги малтретираат. Од ситните работи како таа кога мажот на Јоана ѝ го фрла мобилниот во грмушка, па потоа ѝ вели да го бара, до попроблематичните, како таа кога Ребека се плаши за ќерка си затоа што нејзиниот маж донел пиштол во куќата. Од телефонските разговори помеѓу трите пријателки сфаќаме каков им станал животот во бракот. Жените се претставени реалистично, не се совршени и многу брзо нѐ вовлекуваат во својот план. Желбата на гледачите Црните вдовици да се извлечат расте, без разлика дали убиствата се оправдани или не.

Сепак, работите не се толку едноставни – инспекторот Питер Весело кој ги брка, исто така е интересен лик, ја претставува правдата и често посакуваме да успее да ја открие тајната и да го реши случајот.

ТРИЛЕР ПРОТКАЕН СО ЦРН ХУМОР

Делумно трилер, делумно црна комедија, „Црни вдовици“ се полесно четиво од другите скандинавски серии. Драмата и напнатоста се проткаени со комични моменти. Повеќето од комичните ситуации ги вклучуваат инспекторот Питер, како и Кира која е присилена да живее со својот 20-годишен невработен внук кој игра виртуелен тенис по гаќи.

Напнатата и хумористична нордиска серија создава сѐ поголема напнатост поради која ќе сакате да гледате уште. Впуштете се во авантурата и гледајте ги целосните две сезони на Црни вдовици на Pickbox NOW!