Вистинг (Wisting)

Норвешката криминалистичка серија

Одлични вести за љубителите на криминалистичките и трилер сериите – ве очекува премиера на целосната сезона на норвешката криминалистичка серија Вистинг на Pickbox NOW! Дејствието на серијата се одвива во прекрасните пејзажи на Норвешка и се заснова на бестселерите The Caveman & The Hunting Dogs од норвешкиот автор Јорн Лиер Хорст.

Во главните улоги се одличниот норвешки актер СвенНорин (Valkyrien) и популарната канадска актерка Кери-Ен Мос (The Matrix, Jessica Jones).

СЛОЖЕНИ ЛИКОВИ

Во криминалистичката серија „Вистинг“ го следиме инспекторот Вилијам Вистинг (Свен Нордин) кој се фаќа во костец со најпредизвикувачкиот и најшокантен случај во својата кариера – тој брка еден американски сериски убиец што живее во Норвешка. Вистинг соработува со поранешната специјална агентка на ФБИ Меги Грифин  што ја толкува одличната Кери-Ен Мос.

Во меѓувреме, ќерката на Вистинг, Лине (Теа Грин Лундберг) е новинарка која лови насловни страници, што ја води директно кај серискиот убиец. Ненадејно, духовите на еден стар случај не му даваат мир на Вистинг, поради што е обвинет и суспендиран. Како ќе спаси животи Вистинг кога мора да се бори за своето реноме и за кариерата, па и за својот живот?

СОРАБОТКА НА НОРВЕШКАТА ПОЛИЦИЈА И НА ФБИ

Норвешката серија Вистинг ќе ве воодушеви не само поради одличната глума и комплексните ликови кои веднаш ќе ги засакате, туку и поради напнатото дејствие што ќе ве предизвика и понатаму да гледате. Посебната динамика во серијата ја создава соработката помеѓу норвешката полиција и ФБИ и односот помеѓу агентката Грифин и инспекторот Вистинг. Серијата „Вистинг“, ловот на еден злобен сериски убиец, заедно со норвешките пејзажи, се вистинска криминалистички деликатес.

Напнатата норвешка криминалистичка серија Вистинг гледајте ја премиерно на Pickbox NOW!