Дали веќе се заљубивте во скандинавските серии?

Оригинална приказна, мрачна атмосфера, интересни ликови и неочекувани заплети се дел од главните карактеристики на скандинавските серии достапни на Pickbox NOW

Мејнстрим телевизиската содржина ретко може да се спореди со скандинавската таинственост, а нејзините обожаватели ја ценат квалитетната европска продукција и приказната која уште по првата епизода може гледачите да ги задржи пред екранот. Pickbox NOW, првата хрватска стриминг услуга, во голем дел е фокусиран на европската содржина и на сканди-ноар жанрот. Се работи за криминалистички серии од скандинавска продукција чиишто обожаватели уживаат во специфичната мистична атмосфера.

Некои од новите, истакнати скандинавски серии кои може да се најдат на Pickbox NOW се две норвешки и две дански серии: драмската серија Излез (Exit), криминалистичката серија Опседнат (Besatt) и психолошкиот трилер Темнина: Оние што убиваат (Den som dræber), како и трилерот Лице в лице (Forhøret).

За што се работи?

Норвешката драмска серија Излез (Exit) е инспирирана од вистинитите приказни на супер-богатите, а на Pickbox NOW е достапна.

Современата драма го открива мрачниот, скриен свет на хедонизмот и ризиците мотивирани од здодевност, маченички чувства и желбата за бегство. Дејствието се одвива во ексклузивниот свет на богатата елита на Осло, а серијата ги следи животите на четворица пријатели кои навидум имаат сѐ – освен излез. Споделуваат еден посебен вид на нарцисизам, а својот празен живот го исполнуваат со хедонизам и забави. Се досадуваат справувајќи се со секојдневните обврски и очекувањата од семејството, па ги користат парите и лагите за да добијат опијати и останати незаконски средства за забава, со тоа поместувајќи го својот морален компас до крајни граници. Нивната желба за тоа да имаат повеќе не се намалува – ќе најдат ли излез навреме или ќе го добијат тоа што го заслужиле?

Напнатиот дански психолошки трилер Темнина: Оние што убиваат (Den som dræber), од режисерот на сериите Dicte и Black Widows, е достапен на Pickbox NOW.

Половина година по киднапирањето на 17-годишната Џули од улиците на Копенхаген, детективот Јан Микелсен е единствениот што верува дека таа можеби сѐ уште е жива. Во очајнички обид да го спречи затворањето на случајот, Јан ги наоѓа сите можни документи и наоѓа случај на девојка која пред 10 години исчезнала под слични услови. Набргу открива нови докази поради кои полицијата го наоѓа нејзиното тело во едно езеро и сфаќаат дека убиецот е тој што ја киднапирал Џули пред неколку месеци. Загрижени поради откритието, продолжуваат да копаат низ полициските документи и откриваат уште слични нерешени случаи. Кога исчезнува уште една девојка, убедени се дека се работи за сериски убиец.

Данската трилер серија Лице в лице (Forhøret) доаѓа од наградуваниот сценарист и режисер Кристофер Бое (Kriger, The Purity of Vengeance), а на Pickbox NOW е достапна од 29 јануари 2020 година.

Напната од самиот почеток и полна со лаги, шокови и пресврти, приказната го следи полицискиот детектив Расмусен кој добива случај на една млада девојка која наводно извршила самоубиство. Кога доаѓа на патологија, тој е преплашен кога сфаќа дека всушност се работи за ќерка му Кристина. Тој одбива да прифати дека се работи за самоубиство, а кога открива докази кои покажуваат во насока на убиство, тој бесен и тажен оди на неверојатно патување за да ја открие вистината.

Норвешката криминалистичка серија Опседнат (Besatt) на Pickbox NOW доаѓа во 10. февруари. Во серијата ја следиме приказната за двајца проблематични детективи кои и покрај своите разлики, стануваат вклучени во најголемиот и најчуден случај на нивните животи.

Во својот прв ден како партнери, четворица млади имигранти се најдени мртви во еден напуштен базен. Нема знаци на насилство, ниту на дрога, но на местото на злосторството има и јагули. По еден неверојатен и емотивен ден, и двајцата детективи имаат кошмари што повеќе откриваат за случајот, па и двајцата почнуваат да гледаат и слушаат работи што се тешки за објаснување. Како што случајот почнува да се открива, тие откриваат дека и петто момче било присутно на местото на злосторството, па можеби тоа е клучот за решавање на оваа мистерија. Тие одат во потрага по момчето што ги носи во светот на проституција, убиства и трговија со луѓе.

Откријте ја специфичноста на скандинавските серии достапни на Pickbox NOW!