Зло (Evil)

Натприродната криминалистичка хорор-серија

Серија што открива што лежи зад натприродното

Натприродната криминалистичка хорор-серија Зло (Evil) на Pickbox NOW доаѓа на 4 мај 2020 година

Серијата Зло е опишана како криминалистички хорор што кокетира со натприродното. Ги истражува натприродните елементи како што се чудата, опседнатоста од демони и постоењето на Бога. Паметно напишана, но и вознемирувачка, серијата Зло на интригантен и смел начин ќе се нурне во длабочината на непријатните прашања што ги поставува.

Интригантна смеша од хорор криминалистички филм и натприродни елементи

Серијата има интригантна премиса – скептичниот форензички психолог Кристен Бушард (Катја Херберс) се здружува со Дејвид Акоста (МајкКолтер), поранешен новинар кој се школува за свештеник, за заедно да ги истражуваат натприродните инциденти.

Како иден свештеник, Дејвид работи на истражување и потврдување на настани како што се чудата и истражува демони. Исто така, зема халуциногени дроги за да има визии, но не е сигурен дали навистина му се обраќа Бог или тоа е само неговиот ум. Во своите истражувања, сака да ѝ помогне на Кристен, која не е религиозна и не верува во демоните и натприродното. Но кога сѐ повеќе оди по линијата помеѓу тоа што науката може и не може да го објасни, тој ќе мора да ги преиспита своите верувања.

Актерска постава

Одличната актерска постава ја вклучува данската актерка Катја Херберс, најпозната по улогите во сериите Westworld и Manhattan, а во новата серија Злое одлична во улогата на психологот Кристен. Во главна улога е и американскиот актер Мајк Колтер кој го толкуваше Лук Кејџ во „Универзумот на Марвел“, во сериите Luke Cage, Jessica Jones и The Defenders.

Заедно со нив, тука е и сестраниот британско-американски актер и комичар Асиф Мандви, кој работи на The Daily Show, а глумел и напишал две хумористични серии –The Brink и Halal in the Family. Асиф го гледаме во улогата на Бен Шакиро кој работи за Дејвид како техничка поддршка, но и во улогата на адвокат на ѓаволот кому цел му е да најде научно објаснување за натприродните феномени.

Натприродната криминалистичка хорор серија Зло гледајте ја на Pickbox NOW!