Црвени сенки (Les Ombres Rouges)

Мистерија за исчезнатото девојче

Интересна серија премиерно стигна на Pickbox NOW – се работи за француска крими серија Црвени сенки (The Red Shadows–во оригинал Les Ombres Rouge). Темата на оваа француска серија е враќање на исчезната девојка кај своето семејство кое ја сметаше за мртва. Како последица на тоа доаѓа до семејни конфликти, откривање на мрачни тајни и низа насилни случувања.

МИСТЕРИЈА ОКОЛУ ИСЧЕЗНАТОТО ДЕВОЈЧЕ

1993 година е и 4-годишната Клара Гарние е киднапирана. Нејзините грабнувачи бараат висок откуп за да ја ослободат.  На денот на размената загинува нејзината мајка, а девојчето исчезнува. Дали е уште живо? Оваа долгогодишна мистерија предизвикува страдања во нејзината фамилија и во локалната заедница.

25 години подоцна, постарата сестра на Клара, Аурора (Надја Фарес), полицајка која работи на случај на убиство, открива траги кои покажуваат дека нејзината сестра Клара (Манон Азем) е жива. Таа живее во Италија под друг идентитет и не знае која е всушност. Наспроти скептичниот татко и настојувањата на браќата, Аурора ја убедува Клара да му севрати на семејството за да помогне да се открие вистината за киднапирањето. Меѓутоа, враќањето на Клара открива семејни тајни и започнува низа од насилни случувања.

Главните улоги ги толкуваат Надја Фарес, Манон Азем, Антоан Дилери, Ланик Готри, Мамед Арезки, Реми Педвил, Хелен Суберон и Анри Умаски.

Гледајте ја премиерата на француската мистериозна крими серија Црвени сенки (Les Ombres Rouges) на Pickbox NOW!