Измама (Cheat)

Нова психолошка трилер серија

 

Возбудливата психолошка трилер серија Измама има своја премиера на Pickbox NOW! Во вкупно четири едночасовни епизоди, Измама се заснова на опасните односи помеѓу универзитетската професорка Лија и нејзината студентка Роуз.

Во главните улоги се одличните британски актерки Кетрин Кели (Happy Valley, The Night Manager) како универзитетската професорка Лија и Моли Виндзор (Three Girls) како студентката Роуз.

Во останатите улоги се Том Гудманn-Хил (Humans), Питер Фирт(Spooks), Лорејн Ешбурн (Silent Witness) и Ејд Едмондсон (War & Peace).

ОПАСЕН СПЛЕТ НА НАСТАНИТЕ

Две жени, една професорка и една студентка, започнуваат опасен сплет на настани. Имено, универзитетската професорка Лија ја обвинила својата студентка за измама. Но тоа што требало да биде чист случај на академска измама, набргу излегува од контрола. Професорката е на моќна позиција, но потенцијално може да изгуби затоа што е на пробен период на универзитетот. Студентката Роуз нема никаква моќ на универзитетот, но многу е одмаздољубива и има семејни врски. И двете жени, вооружени со интелигенција, одбиваат да попуштат, но ни тие самите не ги очекуваат страшните последици и неверојатниот сплет на настани што ќе следува.

ДВЕ ЖЕНИ, ЕДНА ВИСТИНА

Измама е вистински психолошки деликатес. Од самиот почеток е напната, интригантна и изненадувачка, а притоа и изразува колку сме подготвени да се бориме за тоа во што веруваме и по која цена.

Овој трилер е вистинска игра на мачка и глушец или, подобро речено, мачка и мачка, и во неа баш ќе уживате! Целата сезона на серијата Измама гледајте ја веднаш на Pickbox NOW!